Кога зборуваме за производството на компири треба да напоменеме дека речиси сите сорти можеме да ги групираме во две групи.
Првата група се компири кои се садат доста рано. Тие главно се одгледуваат за производство на млади компири ( Ривиера, Еволушн, Артемис,Фалука и др.). Во вторит група на компири спаѓаат сорти кои производителите ги одгледуваат поради нивната можност да се складираат подолго време и многу се барани бидејќи имаат добар род, отпорни се на на растителни болести и штетници, а исто така се отпорни и на температурните промени и сушата.

„Аризона“ е нова сорта на компири која спаѓа во групата на средно раните сорти и има убави, мазни и заоблени плодови. Поткожичката на компирот е жолта, а месото има светло жолта боја. Сортата„Аризона“ е изразено родна сорта, со крупни и атрактивни плодови. Овие компири се со правилна, заоблена форма, без израстоци, многу крупни и еднакви.
Сортата е погодна за варење и печење, дава добри резултати при одгледување во сите видови на земјиште. Иако спаѓа во средно раните сорти „Аризона“ компирите може да се складираат на подолг период.

„Аризона“ моментално е водечка сорта на семенски компир речиси во сите земји од регионот Така на пример во последните две години, обиди за одгледување на ваквите компири има во Србија, во месноста Госпоѓинци, Лесковац и Лозовник, потоа во Хрватска во местото Белица и во БиХ во подрачјето на Лиевчо поле и Семберија, и таквите обиди резултирале со рекорден род.
Извор: agroportal.hr
