Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: За претприемништвото потреби се искуство за развој на бизнисот, едукација и инвестиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: За претприемништвото потреби се искуство за развој на бизнисот, едукација и инвестиција
Агровести

Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: За претприемништвото потреби се искуство за развој на бизнисот, едукација и инвестиција

Објавено 16/01/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески му е Аријана Коскарова, претприемач, коосновач на „Креатив хаб“, академија за дигитални вештини со седиште на 3 пазари (Македонија, Косово и Мајами, САД), и добитник на Наградата на „Форбс 30 под 30“ за Европа во категоријата социјално претприемништво, која се доделува на млади луѓе кои преку своите бизнис-идеи прават општествено добро. Во разговорот со м-р Аријана Коскарова се прави паралела на македонското и на американското претприемништво и се изнесуваат факти за претприемништвото и за развојот на бизнис-моделите, но од друга перспектива, односно со користење грантови за едукација кои ќе понудат поквалитетно образование и поврзување со професионалци од индустријата.

Со својот бизнис во Америка, м-р Коскарова истакнува дека целта на САД е градење на Америка како силна економска држава преку вложување во бизниси и во нови инвестиции. Според неа, Америка има многу практики за развој на државата кои можат да бидат пример за развој и на нашата држава. Таа прави паралела на постоењето на  економските зони кај нас и во Америка.

„Ако ти си бизнисмен кој сака да вложи сериозни пари, ти даваат можност да вложиш во економските зони. Целта е економските зони во Америка да се направат како градови и да не бидат сите сегментирани во градот Мајами, па затоа ако бизнисите вложат таму, имаат придобивки од аспект на данокот, што за Америка е многу битно“, истакна Коскарова.

М-р Коскарова магистрирала на Интернационалниот универзитет во Монако и имала можност да работи во Шангај, Њујорк, Мајами и на Бали, каде што се здобила со искуство и со работна дисциплина. Иако живеела во повеќе држави надвор од Македонија, во 2017 година одлучила да вложи во својата земја со отворањето на Академијата „Креатив хаб“ во Скопје. Аријана е една од коосновачите на Академијата, која во 2022 година се проширува и во Приштина и во Мајами.

Нејзината бизнис-приказна во Мајами, САД, започнува во 2022 година со добивањето на визата од САД за лице со извонредни способности. Една година чека за лиценца за акредитација на Академијата, а во 2024 година започнала со работа. Во моментов има добиено два гранта – едниот од Министерството за економија на САД за обука на невработени лица од Америка со вештини од областа на вештачката интелигенција, а вториот грант е од Градот Мајами.

Во разговорот со претседателот Азески, Коскарова истакнува дека за развој на претприемништвото во Америка се важни три сегменти: 1) искуство како да се развива  бизнисот; 2) едукација, па затоа стратешки приоритет на Америка е преку бесплатни обуки да го оспособи народот со вештини со кои ќе бидат компетентни на пазарот на трудот, а тоа во моментов се вештините за вештачка интелигенција, и 3) инвестиција, која ја добиваат преку стимулативни мерки за инвестирање.

М-р Коскарова потенцираше дека во Америка се нудат многу можности за отворање бизниси. Општината (конкретно во Мајами, каде што живее) многу им помага на бизнисите со тоа што им нуди разни грантови за отворање бизнис преку Агенцијата отворена за таа намена, а истовремено им помага и во поврзувањето преку промоција и видливост на компаниите.

Во подкастот фокусот беше ставен и на младата американска популација. М-р Коскарова истакна дека кога станува збор за младата американска популација во американското општество, важни се две работи: 1) дали си Американец или дојден од друга држава и 2) дали имаш вештини или не. Лицата дојдени од други држави кои немаат вештини се роб на општеството, бидејќи работат ниско платени работи. Но на младите Американци им се нудат многу можности. Тие имаат добро и квалитетно бесплатно образование и им се нудат грантови за нови стартапи, за бизниси и за акцелератори. Но и на лицата кои имаат вештини, а кои се дојдени од други држави многу им се помага во развивањето на бизнисот, особено во научноистражувачката дејност.

Како младо лице, покрај на Наградата на „Форбс 30 под 30“, м-р Аријана Коскарова е добитник и на Наградата за жена претприемач во Давос за време на Светскиот економски форум.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Аријана КоскароваБизнис-клуббизнисотедукацијаискуствопретприемништвото
Претходен напис Направете путер дома: Потребни ви се само 2 состојки
Следен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Мотокултиватори од светски познатиот италијански бренд OKAY Ekonomic
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?