Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Апел до Европската комисија за положбата на професионалните возачи од УО на коморскиот инвестициски форум на ЗБ6
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Апел до Европската комисија за положбата на професионалните возачи од УО на коморскиот инвестициски форум на ЗБ6
Агровести

Апел до Европската комисија за положбата на професионалните возачи од УО на коморскиот инвестициски форум на ЗБ6

Објавено 21/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од ЕУ согласно системот за влез и излез (EES), драстично ќе ги зголеми трошоците за работење на копаниите, ќе ја загрози стабилноста на трговските текови меѓу Европската Унија и Западен Балкан,а ги доведува во подредена положба и професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт, со посебен акцент на примената на правилото од 90/180 дена, ова е заклучок од Седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на 6-те комори од Западен Балкан (ЗБ6 КИФ), за што ќе биде поднесен заеднички апел до Европската комисија.

Истовремено, за 26 јануари, во неколку земји од Западен Балкан се најавени протестни акции, поради нарушување на движењето на стоки кон Европската Унија. Овој развој е од сериозна загриженост од економски и политички аспект. За Западен Балкан, приближно 60% од вкупната надворешна трговија и околу 370.000 компании се директно засегнати, бидејќи се доведува во прашање правилното функционирање на добавувачите и клиентите, а се нарушува и безбедноста на снабдувањето и стабилноста на цените.

Најавените протести се во организација на професионалните возачи и се насочени против недостатоците во сегашниот граничен режим што се појавија по прекинувањето на специфичните аранжмани за визи и престој во одредени земји-членки на ЕУ. Иако е позитивно што Шенгенскиот договор во последниве години се применува флексибилно за професионалните возачи, со што во принцип се овозможува патување без виза, тој не е погоден за долгорочен комерцијален патен товарен транспорт што вклучува редовни, предвидливи и трајно потребни гранични премини и престојувања.

Проблемот се примената на правилото од 90/180 дена значително ја зголеми побарувачката за возачи, што доведе или до значително зголемување на трошоците или, во некои случаи, до делумно прекинување на транспортните операции. Неодамна воведените проверки на идентитетот и биометриските проверки, со време на чекање до неколку дена, не се одржливи за транспорт на стоки. Оваа ситуација веројатно нема да биде компатибилна ниту со целите на внатрешниот пазар на ЕУ ниту со целта за економска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.

Во апелот до Европската Комисја, ЗБ6, констатира дека „на подолг рок, може да се разгледа прилагодување на Шенгенскиот договор, но на краток до среден рок, неопходно е развивање координирани и прагматични решенија заедно со оние земји-членки кои се особено клучни за трговијата со Западен Балкан. Дозволите за престој, и од техничка и од правна перспектива, би можеле да се издаваат преку процедури за дигитална претходна регистрација“.

Управниот одбор потсети дека Европската Унија претставува најважниот извозен пазар за Западен Балкан, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз на регионот наменет за ЕУ. Поради оваа причина, стабилноста на синџирите на снабдување, регулаторната предвидливост и непречениот проток на стоки не се само технички прашања, туку стратешки интереси и за регионот и за Европската Унија.

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:апелЕвропската комисијаЗБ6професионалните возачи
Претходен напис ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
Следен напис До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?