Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Антонио и Верица од Владимирово отворија центар за лекување со пчели во македонската Швајцарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Антонио и Верица од Владимирово отворија центар за лекување со пчели во македонската Швајцарија
Агровести

Антонио и Верица од Владимирово отворија центар за лекување со пчели во македонската Швајцарија

Објавено 27/06/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Антонио и Верица Арнаутовски веќе десет години се сопственици на пчеларник во село Владимирово, Беровско, а од годинава го отворија и апицентарот „Кладенче“. Тие се амбициозни млади луѓе кои својата иднина ја врзале со родниот крај и промоцијата на здраво и одржливо живеење. Тие велат дека Малешевијата е богат и чист регион, каде може многу лесно да се развива еко туризмот, особено апи туризмот.

Антонио и Верица посветено работат да влезат на туристичката мапа на земјата, а своите посетители сакаат да ги едуцираат за важноста на пчелите и за придобивките од пчелните производи и апитерапијата.

Новинар – Сања Наумовска

Антонио и Верица, кажете ни нешто за вашата традиција за пчеларење. Од кога се занимавате се производство на мед?

Со одгледување на пчели почнавме пред десет години, на стартот имавме пет, а годинава 50 пчелни семејства. Основите за пчеларењето ги добив од мојот татко. Во прво време одгледувањето пчели за мене и за сопругата беше само релаксација и можност да си произведеме чист еколошки мед за нашето семејство. Малешевијата е идеален крај за пчеларење, има планини, вегетација, а нема сообраќај. Сепак, со текот на времето, со зголемувањето на бројот на семејствата, но и со одличниот квалитет на производот што го добивавме увидовме дека имаме добра основа за бизнис.

Годинава, со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка ја направивме и апи комората „Кладенче“. Тоа е дрвена куќарка во која се сместени четири пчелни семејства и во која може да се прави апи терапија, поточно инхалација со пчелини аеросоли, што има големи бенефити за здравјето на луѓето. Годинава ги имавме и првите посетители на апи комората нивните импресии беа одлични.

Какви бенефити нуди апитерапијата?

Центар на апи туризмот во овој дел од Европа е Словенија, од каде и ние учиме. Се работи за алтернативна медицина која ги користи лековитите својства од работата на пчелите. Бенефитите се големи, терапијата се  препорачува за болести на респираторниот систем, а особено сега кога многумина се соочуваат со проблеми по прележување на Ковид 19. Нема возрасна граница за секој што ќе сака да ја користи терапијата во апи коморите, што значи дека е безбедно и за бебиња и за највозрасните. Најдобар термин за да се дојде на апитерапија е помеѓу мај и август кога пчелите се најактивни и кога има голем внес на нектар и полен во кошниците. Нашата апи комора има и посебни филтри и за оние кои се алергични на полен да можат да го искористат бенефитот на аеросолите од медот и прополисот, а да немаат последици.

Како функционира апи комората?

Пчелите кои живеат во сандаците поврзани со комората за инхалација имаат посебен излез и влез од надворешната страна на колибата. Во моментов имаме четири пчелни семејства поврзани со исто толку инхалатори. Со работата на пчелите во пролетниот и летниот период кога активно собираат нектар и полен и произведуваат мед, со нивното движење создаваат аеросоли кои преку инхалаторите кои ги имаме над сандаците можат да се вдишуваат и позитивно да влијаат на респираторниот систем. За најдобри резултати треба да се примат пет терапии за десет дена, а секоја терапија да трае од 20 до 25 минути. Ние сме посветени на едукацијата и постојано се образуваме и откриваме позитивни новини за овој тип терапија, кои ги имплементираме во „Кладенче“. Очекуваме да ни се зголемува бројот на гости кои ќе не посетат и кои ќе бидат задоволни од третманите.

Какви производи произведувате во „Кладенче“?

Првенствено произведуваме мед, а покрај него, од оваа година почнавме да правиме и прашец, полен, прополис и ракија-медовача. Планираме сите овие производи да ги правиме и да ги збогатуваме и во иднина бидејќи околностите во нашиот крај, Малешевијата ни го дозволуваат тоа. Пчелите имаат богата паша во чистата околина над селото Владимирово, најмногу има мајчина душичка, багрем и даб и медот што го добиваме е со извонреден квалитет. Сите продукти кои ги произведовме годинава се веќе распродадени, што е потврда за довербата на купувачите, но и квалитетот што го нудиме.

Какви се вашите планови за во иднина?

Во блиска иднина планираме да го прошириме пчеларникот и да поставиме едукативни табли. Планот ни е да се развиваме, не само во медицинскиот дел, туку и во едукативен и туристички правец. Целта ни е да бидеме нова туристичка дестинација и преку посетите на гостите да овозможиме подигнување на свеста за важноста на пчелите за човештвото, да се збогати знаењето за придобивките од пчелните производи и апитерапијата, како и да се промовира природното и културно наследство на Малешевијата.

Извор: Иновативност.мк

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:антониоВерицаВладимироволекувањепчелиШвајцарија
Претходен напис Лесно се прави, а има одличен вкус: Како сами да си направите сок од тиква
Следен напис Во 2022 година планетата Земја загуби 4,1 милиони хектари тропска шума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?