Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“
Агровести

Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“

Објавено 13/03/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Како држава треба да се фокусираме на развој на инфраструктурата и таа треба да биде приоритет за целиот Балкан. Без инфраструктура нема економски развој на државата, а тоа ги поттикнува луѓето да се иселуваат“, изјави Антонио Аргир, искусен банкарски лидер со повеќе од 25 години искуство, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Во разговорот Аргир истакна дека вината што немаме добро развиена инфраструктура треба да ја бараме во нас самите. Според него, ако имаме добро развиена инфраструктура, ќе има побрза достапност до тоа што е потребно и нема да има причини за иселување на населението, особено од помалите места.

Во поткастот Аргир зборува за својот престој во Словенија како член на Управниот одбор на групацијата НЛБ одговорен за управувањето, плаќањата и за иновациите во неа. Тој направи споредба со нашиот народ и истакна дека сме блиски народи кои немале кралевина и кои биле под други поголеми империи – Турската Империја и Австроунгарија. Разликата ја гледа во тоа што тие се вреден, работлив и дисциплиниран народ.

Во продолжение на поткастот во фокусот е банкарското работење. Според Аргир, поголема е одговорноста кога се работи со туѓи отколку со сопствени пари, а за него банкарството е еден од столбовите на стабилност на државата, иако постои негативно гледиште за него.

„Банкарството е еден од столбовите на стабилност на нашата држава, не само финансиски, туку генерално, бидејќи банките, вклучувајќи ја и Народната банка, одиграа клучна улога во многу кризи – од конфликтот на Косово, преку конфликтот што го имавме кај нас дома, па сѐ до финансиската криза и политичките кризи, улогата на банкарството во Македонија е многу значајна“, потенцираше Антонио Аргир.

Запрашан за преголемата регулираност што ја имаат банките, што го отежнува работењето на компаниите, Аргир истакна дека таа регулираност е резултат на светската финансиска криза што се случи пред неколку години. Регулацијата го направи банкарството потранспарентно, посигурно, поотпорно и поодржливо. Според него, проблемот настанал кога се воведувале новите стандарди, а клиентите не се подготвени за таков пристап.

Во поткастот се зборуваше и за професионалниот напредок на Аргир во НЛБ банка АД Скопје, кој започнал како службеник за долгорочни и инвестициски кредити, преку помошник-директор на Деловниот сектор до член на Управниот одбор на Банката. Во 2016 година, како резултат на неговите лидерски способности и на разбирањето на локалниот и на регионалниот пазар, ја презел функцијата претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на НЛБ банка Скопје. За време на неговите два последователни мандати акцијата на Банката пораснала петпати за период од шест години, а брендот НЛБ е препознат како најдобар и најиновативен банкарски бренд на македонскиот пазар.

Истовремено, тој учествувал во големи стратешки проекти на државата, а неговиот успех се должи на неколку клучни работи: визијата што ја поставил, јасната цел за нејзино остварување, тимот со кој работи, финансиските ресурси, но и желбата и енергијата за успех, кои ги црпи од тимот со кој работи и од клиентите за кои работи.

Целиот разговор на линкот.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Антонио АргирБанкарствотоБизнис-клубдржавастолбовите
Претходен напис Во кривопаланечкото Жидилово сопственици на говеда спречиле ветеринари и полициските службеници во спроведување вонреден инспекциски надзор
Следен напис СВР Струмица апелира да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?