Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анкета: Над 80 отсто од Европејците ги подржуваат меките на ЕУ за енергетска безбедност и зелена транзиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анкета: Над 80 отсто од Европејците ги подржуваат меките на ЕУ за енергетска безбедност и зелена транзиција
Агровести

Анкета: Над 80 отсто од Европејците ги подржуваат меките на ЕУ за енергетска безбедност и зелена транзиција

Објавено 12/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дури 86 проценти од граѓаните на ЕУ ги поддржуваат иницијативите на европско ниво преземени во текот на минатата година за да се ограничи непосредното влијание на зголемувањето на цените на енергијата врз потрошувачите и компаниите, покажуваат резултатите од истражувањето на Флеш Евробарометар објавени денеска. 

Според анкетата, 86 отсто од испитаниците го поддржуваат одржливото користење на природните ресурси, 82 проценти иницијативите за заедничко купување гас од земјите членки на ЕУ, 81 отсто се за градење партнерски односи на ЕУ со другите глобални актери како Велика Британија, САД, Јапонија и Австралија, а 80 проценти се за намалување на „прекумерната комерцијална зависност“ од земји како Русија или Кина.  

Иницијативата за зголемување на конкурентноста на европската индустрија за чиста технологија ја поддржуваат 80 отсто од анкетираните, мерките на ЕУ за забрзување на дигиталната трансформација – 77 проценти, а напорите за заштита потрошувачите и за зголемување на отпорноста на економијата се важни за 76 отсто од испитаниците. 

Кога станува збор за идните активности што треба да ги преземе ЕУ, 86 проценти од анкетираните сметаат дека треба да се наполнат складиштата со гас во Унијата со цел да се избегне ризикот од недостиг на енергенсот, 85 отсто мислат дека ЕУ треба да го поттикне производството на енергија од чисти технологии во земјите членки, а 79 проценти дека се потребни мерки за намалување на потрошувачката на енергија.  

Во делот на безбедност, 75 отсто испитаници се на ставот дека ЕУ треба да финансира заеднички проекти насочени кон развој на стратешките одбранбени потенцијали и технологии, 85 проценти мислат дека Унијата треба да ја засили својата енергетска и економска безбедност, а 75 отсто се за зајакната воена соработка меѓу земјите членки. 

Анкетата покажува и висока поддршка за продолжување на солидарноста со Украина и Украинците. Така, 86 проценти од анкетираните се за тоа ЕУ да продолжи да обезбедува хуманитарна поддршка за луѓето погодени од војната, 77 отсто се за прифаќање во Унијата на Украинците кои бегаат од војната, а 71 проценти ги поддржуваат економските санкции против Русија. Вкупно 67 отсто ја поддржуваат европската интеграција на Украина, а 65 проценти се за интегрирање на земјата во единствениот пазар на ЕУ. Финансиска и економска поддршка од ЕУ за Украина одобруваат 65 отсто од анкетираните, а 57 проценти сметаат дека Унијата треба да продолжи со снабдувањето на Украина со воена опрема и со обука на припадниците на украинските Вооружени сили. 

На прашањето кои вредности ЕУ најдобро ги претставува, 53 отсто одговориле дека тоа е „почитувањето на основните права и вредности“, 50 проценти – „социјалната еднаквост и благосостојба“, 49 – „толеранцијата и отвореноста кон другите“, 48 отсто „мирот“, 46 проценти -„солидарноста со земјите во и надвор од ЕУ“, а 45 отсто сметаат дека тоа е „заштитата на природата, климата и животната средина.  

Анкетата е спроведена во сите 27 земји членки на ЕУ помеѓу 24 и 31 август 2023 година и со неа онлајн се интервјуирани 26.514 граѓани на Унијата. 

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во реакција на истражувањето, Европската комисија оцени дека тоа покажува „огромна поддршка“ меѓу Европејците за мерките што ЕУ ги презеде во текот на минатата година за заштита на потрошувачите и компаниите од нестабилноста на цените на енергијата, како и за активностите за поттикнување на енергетската безбедност и зелената транзиција.

– Таа, исто така, потврдува голем консензус меѓу граѓаните на ЕУ во корист на зајакнување на индустријата за чиста технологија, за поголема конкурентност, како и на активностите на ЕУ преземени како одговор на руската инвазија на Украина, наведува ЕК. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АнкетаЕвропејцитеенергетска безбедностЕУзелена транзицијамеките
Претходен напис Николовски: Нашето најдобро ќе го претставиме во Виена, сé ќе биде околу виното
Следен напис Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?