Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
Агровести

Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери

Објавено 21/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија.

Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно го поддржуваат олеснувањето на трговијата и отстранувањето на административните и царинските пречки меѓу соседните држави.

Анкетата спроведена меѓу компаниите од шесте земји од Западен Балкан покажува дека речиси 70 отсто од нив го сметаат укинувањето на трговските бариери за „многу важно“ или „важно“. Според изнесените податоци, бизнисите веруваат дека слободното движење на стоки и побрзите гранични процедури директно би придонеле за зголемување на инвестициите, проширување на пазарите и намалување на оперативните трошоци.

Во Косово регионалната трговија се третира како еден од главните столбови за развој на приватниот сектор, каде што 60 отсто од фирмите го оцениле укинувањето на бариерите за „многу важно“, а 11 отсто за „важно“, иако постои и одреден скептицизам кај 17 отсто од анкетираните. Во Албанија поддршката изнесува 75 отсто.

Највисока стапка на поддршка за отворена трговија во Западен Балкан е забележана во Босна и Херцеговина, каде дури 88 отсто од фирмите се изјасниле за укинување на бариерите со другите земји од регионот.

Во Северна Македонија претпријатијата кои даваат поддршка за отстранување на трговските пречки изнесуваат 67 отсто, додека во Црна Гора тој процент е 68 отсто, што покажува исклучително позитивен климат за регионална економска соработка.

За разлика од останатите земји во регионот, фирмите во Србија покажуваат значително понизок интерес за укинување на трговските бариери. Овој процес таму е поддржан од 50 отсто од анкетираните, додека 28 отсто изјавиле дека отсуството на бариери нема никакво значење за нивната дејност.

Податоците на Советот за регионална соработка јасно укажуваат дека бизнис заедницата на Западен Балкан тежнее кон економска интеграција, поедноставени гранични процедури и пофункционален заеднички пазар со цел зголемување на извозот и привлекување странски инвестиции.

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:БизниситеЗападен Балкантрговските бариери
Претходен напис Народна банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка
Следен напис Сали: Новата транша од ЕК е постигнување на Владата и најдобар доказ дека кога постои јасна визија и конкретна работа, државата оди напред
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?