Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Овошките кои веќе имаат заметнат плод претрпуваат штети на -1 и -2 степени Целзиусови и минусните температури можат да ги изгорат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Овошките кои веќе имаат заметнат плод претрпуваат штети на -1 и -2 степени Целзиусови и минусните температури можат да ги изгорат
Агропрогноза

Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Овошките кои веќе имаат заметнат плод претрпуваат штети на -1 и -2 степени Целзиусови и минусните температури можат да ги изгорат

Објавено 28/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток), метеоролозите предупредуваат дека земјава ќе биде зафатена од ниски температури, кои скоро на целата територија на државата ќе бидат под нулата. Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.

Агротим разговараше со агрометеорологот Ангелко Ангелески, кој ни објасни како ниските температури влијаат на овошните дрвја.

„Кај расцветаните овошни видови можни се штети во затворен цвет на температури од -3, -4 степени Целзиусови. Јаболчестите овошки се уште не се расцветани, па кај нив поради минусните температури е можно само мало проретчување. Кај овошките кои веќе имаат отворен цвет веќе на -2 степени Целзиусови се забележуваат штети, но тоа не значи дека родот целосно ќе се унушти, особено со оглед на тоа што минусните температури не се во текот на целиот ден, туку само 2-3 часа во раните утрински часови.

Проблемот е кај овошките кои веќе имаат заметнат плод, како што се кајсиите, бадемите. Тие веќе претрпуваат штети на -1 и 2 степени Целзиусови и ниските температури можат да ги изгорат.

Исто така многу е битен и типот на почвата. Алувијалните, пропустливите почви не задржуваат многу вода и растенијата изсржуваат пониски температури.“ , објасни Ангелески.

Ангелески напоменува дека со оглед на тоа што минусните температури нема да се задржат повеќе денови, можно е само проретчување на плодот од помали размери, но тоа пак ќе резултира со покрупни плодови, така што количината на плодови ќе биде иста. односно наместо да се добијат повеќе ситни плодови, ќе се добијат помалку, но покрупни плодови.

За следниот период Ангелески вели дека не очекуваат позитивни температури и дека од викендот времето ќе се стабилизира, а овие неколку критични денови земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Спроведена акција за одземање на дрвна маса од бесправни сечи
Следен напис Како да се санираат раните на дрвјата на овошките?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?