Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Амфенол Заксенкабел“ во нов објект, отворена можност за вработување на уште стотина лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Амфенол Заксенкабел“ во нов објект, отворена можност за вработување на уште стотина лица
Агровести

„Амфенол Заксенкабел“ во нов објект, отворена можност за вработување на уште стотина лица

Објавено 25/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ отвори  уште еден  нов деловен простор наменет за производната единица на „Заксенкабел“. Всушност, станува збор за дислокацијата во нов и поголем објект на германскиот бренд, што треба да овозможи  подобрување на условите за работа на вработените, на работниот процес и да отвори можност за идни нови проекти и проширување на производните капацитети.

Објектот го пуштија во употреба генералниот директор на „Амфенол“, Сашко Наков и генералниот менаџер на „Амфенол Заксенкабел“, д-р Мајкл Милер.

-Оваа релокација на „Заксенкабел“ во нова зграда со околу 1800 квадратни метри работна површина треба да донесе подобрување на работните услови за самите вработени, да се подобрат самите работни процеси и преку  континуирано инвестирање во нова опрема да се создаде подлога за идните проекти кои што следат, изјави за МИА, Оливер Андовски, оперативен менаџер на бизнис единицата на „Заксенкабел“ .

Германски „Заксенкабел“ во „Амфенол“ работи на производство на оптички кабли за телекомуникациската индустрија и е единствена бизнис единица од таков карактер во индустрискиот гигант од Кочани. 

-Во моментов имаме 35 вработени, очекувањата се до крајот на годината да го прошириме капацитетот на 120 до 150 вработени, најави оперативниот менаџер на „Заксенкабел“,  Андовски.

Во „Амфенол технолоџи Македонија“ во моментов се вработени повеќе од 3200 лице во десет бизнис единици. Овде егзистенција наоѓаат работници од целиот Исток на Македонија, од Пехчево до Пробиштип и Свети Николе. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Амфенол Заксенкабелвработувањенов објект
Претходен напис Конференција на НБ: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата
Следен напис Од утре врнежи, ветер и заладување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?