Во стратешкиот документ на Владата на САД предложена е идејата да се создаде штит од честички на сулфур диоксид во атмосферата што ќе ја заштити Земјата од сончевата светлина, пишува Agrarheute.
Резултатот од таквото делување би бил помалку светлина која би стигнувала на површината, помало глобално затоплување, а сето тоа би ја ставило климатската криза под контрола. Меѓутоа, последиците од таквиот геоинженеринг се непознати, според авторот на статијата Питер Лауфман.
Тој вели дека експертите предупредуваат дека ваквиот експеримент е скап, сложен и непредвидлив.
Во својот план американската влада следи четири пристапи, од кои првиот е внесување на аеросоли (систем од честички од цврсти материи или капки течност) во атмосферата. Би се имитирала природна појава како што е ерупцијата на вулканот Пинатубо на Филипините во 1991 година, која успеала да ја намали глобалната температура за кратко време.
За да се одржи температурата како што била во 2020 година (кога емисиите на стакленички гасови во ЕУ се намалиле за 31% во однос на 1990 година и достигнале најниско ниво во последните 30 години), би морало секоја година во атмосферата да се внесе пет до осум пати повеќе сулфур диоксид отколку што бил произведен од Пинатубо. Идејата е сулфатните честички да се внесат во стратосферата со авион. Тоа би чинело 18 милијарди долари годишно за неколку векови. Јапонските истражувачи пресметале дека за температурата да паѓа за еден степен секој ден, 6.700 авиони би морало да носат сулфур диоксид во стратосферата.

Бродовите би имале задача да прскаат морска вода во воздухот за да создадат особено светли облаци кои ја рефлектираат светлината. Покривите на куќите би требало да бидат бели, за да рефлектираат повеќе сончева светлина. Тие би го замениле поларниот мраз кој ја има истата функција, а исчезнува. Во вселената би биле инсталирани соларни едра, но сето тоа звучи како научна фантастика.
Последици за природата и земјоделството
Заситувањето на атмосферата со сулфатни честички е опасно, предупредува Лауфман, додавајќи дека освен што повеќе нема да има сино небо, воздухот би бил како млечен превез, што значително би го променило времето. Научниците од Институтот за метеорологија Макс Планк очекуваат дека може да има помалку дождови низ светот. Сето тоа негативно би се одразило на земјоделството.
Експертите сметаат дека овие идеи се незрели и дека е пореално и поевтино да се намалат емисиите на CO2 навреме и да се поддржат екосистемите. Исто така, дополнителен може да се извлече CO2 од атмосферата преку паметно користење на земјиштето, без разлика дали се работи за шуми или земјоделско земјиште, кое има потенцијал да ги намали вкупните емисии за 18 проценти.
