Огромен пад на популацијата на тн. американски бумбар е забележан последниве две десетлетија. Губењето на живеалиштето, болестите и пестицидите се главни причини за исчезнување на овие инсекти, а тие се главни опрашувачи за домати, дињи, пиперки, јагоди и други битни култури.
Истражувачите неодамна открија дека популацијата на овие бумбари се намалила за 89 отсто за 20 години и тие се на работ на истребување. Тоа би можело значително да влијае врз земјоделството и целиот екосистем.
Американските власти сега размислуваат да го класифицираат инсектот како „загрозен вид“, првпат во историјата на САД. Официјално познат како Bombus pensylvanicus, американскиот бумбар исчезнал целосно од осум американски држави: Мејн, Њу Хемпшир, Род Ајленд, Вермонт, Ајдахо, Северна Дакота, Орегон и Вајоминг. Во Њујорк падот изнесува 99 отсто. Кај 19 други подвидови исто така има пад од над 50 отсто.
Извор: livescience.com
Американскиот бумбар на работ на исчезнувањето
Остави коментар
Остави коментар
