Интензивното одгледување на боровинки во Романија се развива со ветувачко темпо. Таму моментално се гради најголемата фарма за боровинки во Европа. Kомпанија Agricrafters лани започна растително производство на 40 ха. Тие треба да се прошират на околу 1.000 ха.
Новиот проект на компанијатa бара сериозни инвестиции. За таа цел беше ископан резервоар за складирање вода со капацитет од 15.000 м3. Тоа ќе обезбеди плантажите со боровинки да имаат доволно вода во текот на целата сезона.
По подготовката на просторот, Романците пристапија кон засадување на растенијата во контејнери со капацитет од 40 и 55 литри. Секоja саксија се полни со истата специјална подлога. Сите растенија (295.244 засадени во 2024 година) се развиваат под исти услови. Тие добиваат иста количина на вода и хранливи материи, со што се обезбедува ист раст и развој на во плантажата.
Проектот ќе го направи Agricrafters светски лидер во производството на боровинки. Тоа значително ќе влијае на понудата на боровинки на европскиот пазар. Целта е да се обезбедат залихи во текот на целата година.
