Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Александар Радовановиќ од ССК: Колку подолги блокади, толку потешки ќе бидат последиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Александар Радовановиќ од ССК: Колку подолги блокади, толку потешки ќе бидат последиците
Агровести

Александар Радовановиќ од ССК: Колку подолги блокади, толку потешки ќе бидат последиците

Објавено 28/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Раководителот на Центарот за регионална соработка од Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ, изјави дека колку подолги се блокадите поради новиот систем за влез и излез од ЕУ, но и несоодветната реакција на ЕК и земјите од шенген-зоната во однос на третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на шенген-територијата, последиците ќе бидат сè потешки.

Во изјава за РТС тој нагласи дека според податоците на Српската стопанска комора, регионот ќе губи 100 милиони евра дневно, само врз основа на неизвезени производи. Тој забележува дека најзагрозени ќе бидат автомобилската индустрија, хемиската, гумената индустрија и земјоделството како важна производствена гранка на Србија.

Радовановиќ смета дека поради таа ситуација, постои голема опасност од губење дел од европскиот пазар.

„Доколку синџирите на снабдување се нарушат и ако не е можно да се увезува и извезува стока, може дури и да доживееме колапс на економијата бидејќи фабриките нема да имаат начин да извезуваат“, вели Радовановиќ.

Според него, тоа не е само прашање на транспортниот сектор туку и на економијата во целиот регион.

Тој вели дека административниот дел во ЕУ не разбира колку е важно тоа прашање и дека дури сега, по блокадите, сфатиле дека сите губат.

„Ова прашање бара итно решение, ослободувањето од системот ЕЕС сега би ги задоволило потребите за нормално функционирање на економијата за да се овозможи транспорт на стоки од овој пазар до пазарот на ЕУ“, рече Радовановиќ.

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, разговараше со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, за прашањето за ограничување на престојот на професионалните возачи во шенген-зоната. Мацут му предаде на Бекерат нон пејпер, во кој се наведени конкретни решенија што ги нуди Србија, а кои не бараат измени во шенгенскиот граничен кодекс.

Превозниците од регионот трет ден ги блокираат граничните терминали за товар поради новиот систем за влез и излез од Европската Унија, но и несоодветната реакција на Европската комисија и земјите од шенген-зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Александар РадовановиќблокадипоследицитеССК
Претходен напис Магла на повеќе патни правци
Следен напис Најмногу дожд во Демир Капија и Штип, најстудено утрово во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?