Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Александар Димитриевски: Суровината што ја користиме за производство на маслото од афион е од македонско поднебје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Александар Димитриевски: Суровината што ја користиме за производство на маслото од афион е од македонско поднебје
Магазин

Александар Димитриевски: Суровината што ја користиме за производство на маслото од афион е од македонско поднебје

Објавено 11/04/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Александар Димитриевски е сопственик и управител на семејната компанија „Био Оил“. Заедно со Кристијан, тие минатата година го произведоа првото афионово масло во нашата земја. При производството на маслото користат современа специфична технологија за да се задржат сите корисни состојки.  Производството и ладното цедење на маслото за јадење се врши со иновативен процес на ладно ЕКСТРУДИРАЊЕ на семето. Погонот на „Био Оил“ е лоциран во индустриска зона, во општина Чучер Сандево, во месноста Бел Камен. Се работи за модерна фабрика со високи стандарди за производство на храна со сертификат за ХАСАП стандард.

Александар ни откри како се добива афионовото масло.

-Маслото го правиме со машина која работи на принцип на ладна екструдација на маслодајните култури. Се работи за современа машина од Америчко потекло, која е една од ретките што работи на споменатиот принцип на екструдација. Температурата на маслото во процесот на екструдацијата не се зголемува повеќе од 40˚С. На тој начин се задржуваат сите корисни состојки на афионовото семе кои се корисни за човековото здравје. После екструдацијата со метод на природно гравитациско таложење се добива готов производ подготвен за консумација. Интересно е да напоменам дека од обезмастеното семе во процесот на екструдацијата направивме уште еден производ – дресинг од афион. Направивме ексклузивен рецепт во комбинација со лути пиперчиња, нане и нашето ладно цедено сончогледово масло кое има улога на природен конзерванс без никакви хемиски состојки. За кратко време овој производ ги придоби симпатиите на нашите потрошувачи и стана многу популарен меѓу сладокусците и љубителите на здрава храна кој исто така има многу бенефити по човековото здравје.

Афионот што го користат за производството на маслото е од сертифицирани семенски култури кои немаат ГМО и е од домашни производители, а како што вели Александар, ова масло е атракција во светски рамки првенствено поради бројните анализи кои покажуваат дека афионот од нашето поднебје е најквалитетен на светско ниво. Суровината која се користи за производство на маслото „Био оил“ доаѓа од сертифицирани семенски култури кои немаат ГМО и е од домашни производители.

-Афионовото семе го набавивме од реонот на Радовиш. Ова подрачје има голема традиција со одгледување афионот. Како што е познато, и првото масло на нашите простори се добивало од афионовото семе кое било познато како шарлаган (турски збор што значел „чисто масло“). Тогаш маслото го правеле на примитивен начин со дробење на семето со камења. И ние денес користиме сличен процес, ама на современ начин. Инаку ова масло е атракција во светски рамки најмногу заради бројните анализи кои покажуваат дека афионот од нашето поднебје е најквалитетен на светско ниво. Ние си ветивме дека нема да ја расипеме оваа приказна.

Пакувањето на маслото е направено од темно стакло со УВ заштита, со што маслото ги задржува својствата недопрени долг период. Екструдирано ладно цедено масло од бел афион има низа придобивки за здравјето на човекот. Има силно антиканцерогено дејство, го штити мозокот, го зголемува нивото на енергија, придонесува за здрави коски, помага во регулирањето на крвниот притисок и здравјето на срцето, против несоница и многу повеќе.

-Поради својот пријатен вкус на јаткасто овошје, маслото од афион има многу разновидна употреба во подготовката на храната. Се користи како прелив за салата, масло за јадење, па дури и како арома за десерт. Ова се должи на различните здравствени придобивки добиени од консумирањето на маслото. Неговите фитонутриенти го зајакнуваат имунолошкиот систем и го подобруваат протокот на крв. Богато со незаситени масни киселини и омега 3, 6 и 9 масни киселини, маслото од афион е добро за здравјето на срцето и мозокот бидејќи го регулира дигестивниот и нервниот систем. Покрај тоа, високите нивоа на цинк, манган и бакар во маслото од афион ги регулираат нивоата на шеќер кај дијабетес тип 2, го помагаат варењето на хранливите материи и ја подобруваат поправката на клетките и ткивата во телото .

Сите делови на растението афион испуштаат млечно бела течност наречена афион латекс, која фармацевтските компании ја користат за производство на лекови за ублажување на болката како морфин и кодеин. Иако семето обично не ги содржи овие алкалоиди, тие може да се контаминираат за време на бербата и се мијат пред да се консумираат. Сепак, неизмиените семки од афион и нивните нуспроизводи се користат како природна алтернатива на алкалоидите кои го намалуваат нивото на кортизол во телото и го намалуваат стресот, што доведува до подобри циклуси на спиење.

Aфионовото масло го има во продавниците за здрава храна, а може и да се достави до бараната адреса преку ФБ-страница „Био Оил Вкусот на Сонцето“.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:алекдандар димитриевскиафионбиооил
Претходен напис Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија
Следен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?