Собранието на Република Македонија и официјално го избра Азир Алиу за нов министер за здравство, додека Албрим Хоџа беше именуван за заменик министер за земјоделство.
За Албрим Хоџа, како заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство гласаа „65“ пратеници „за“, а десетмина беа „против“. Смените следат по турбуленциите кај владиониот партнер, коалицијата „Вреди“, којашто ја напушти досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.
Премиерот смета дека новите кадровски решенија ќе значат унапредување и поставување нови стандарди во работењето.
„Ова не е само прашање на персонален избор. Ова е дел од поголемата слика – реформската насока во која се движи Владата и нашиот стремеж да го поставиме системот на нови, здрави темели, порача тој во Собранието
