Дојран ситуацијата моментално … ![]()
Заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека има неофицијални податоци дека пожарот зафатил некој објект и има повредени.
Еден хеликоптер дејствува на пожарот во близина на Стар Дојран, кој избувна попладнево, а притоа беа зафатени и објекти. Пожарот се наоѓа на десната страна при влезот во Дојран, но ова подрачје е опасно за гасење поради неиспукани стари гранати од војните во минатото.
Другите објекти се одбранети, а претходно беше евакуирано населението од куќите и зградите во близина на огнот. Градот е обвиен со чад, а во делови нема ни електрична енергија.
