Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Активности во есен за пченицата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Активности во есен за пченицата
Агровести

Активности во есен за пченицата

Објавено 07/11/2024
Сподели
12 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пченицата е најважната поледелска култура, која се користи во мелничката, прехранбената индустрија, како надомест на јачменот во индустријата за пиво, како добиточна храна (цело зрно, отпадоци при мелење), како носечка култура (потпора во производството на крмни култури).

Во земјоделското производство најважни видови пченица се:

− обична или мека пченица озимна и јара (пролетна)) форма, и

− тврда пченица

Најзастапена е озимната форма, која се сее во есен, која подобро поднесува ниски температури, нејзината вегетацијата трае подолго, но остварува поголеми приноси.

ПОЧВЕНО-КЛИМАТСКИ УСЛОВИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ

За пченицата најдобро одговара почва која е длабока, плодна, обезбедена со хранливи материи во достапна форма, умерено влажна, оцедна, со слабо кисела до неутрална реакција, чиста од плевели. Пченицата не поднесува тешки, збиени почви, многу лесни и песокливи почви, како ни почви со висока содржина на хумус, во кој случај полегнува и страда од болести. Најпогодни се црноземи, алувијални, смолници, плодни делувијални и сл.

За пченицата најдобро одговара континетална клима. Најповолна температура за ртење и никнење е 14-20⁰С, при што никнува за 5-7 дена. На температура од 7-8⁰С никнува за 17-20 дена, а при пониски температуриртењето и никнењето се успоруваат. Кога има 2-3 листа, ако е добро вкоренета и исхранета, може да поднеси до -20⁰С, а кога е покриена со снежна покривка издржува и пониски температури.

ПЛОДОРЕД

Одгледувањето во монокултура негативно се одразува на приносот од пченица од следните причини: заразување на површината со плевели, болести, штетници, како и еднострано користење на хранливите материи. Најдобри предкултури за пченицата се легуминозните (грав, грашак, граорица, соја) и окопните култури (компир, бостан, пченка и сл). Треба да се внимава на времето на прибирање на претходната култура, за да може површината за пченица навреме да се припреми.

ПЛОДОРЕД

Одгледувањето во монокултура негативно се одразува на приносот од пченица од следните причини: заразување на површината со плевели, болести, штетници, како и еднострано користење на хранливите материи. Најдобри предкултури за пченицата се легуминозните (грав, грашак, граорица, соја) и окопните култури (компир, бостан, пченка и сл). Треба да се внимава на времето на прибирање на претходната култура, за да може површината за пченица навреме да се припреми.

Со дополнителната или предсеидбена обработка (со тањирача, сетвоспремач или дрљача (брана) се создава иситнет површински слој со зрнеста структура. Се изведува на 20 см. Со оваа операција се внесува стартната количина минерално ѓубриво.

ЃУБРЕЊЕ

Најсигурно, најточно и најрационално ѓубрење се извршува врз основа на агрохемиска анализа на почвата.

За добар раст и развој на пченицата потребни се 140-200 кг/ха азот, 70-130 кг/ха фосфор, 80140 кг/ха калиум.

Правила за ѓубрење

1. Основно ѓубрење: во есен се заоруваат ѓубривата за основно ѓубрење со нагласена содржина на фосфор и калиум и помал дел од азот, околу 1/3, на пр. НПК 7:20:30; 0:20:30; 10:30:20; 8:26:26 … Ѓубривото рамномерно се расфрла по површината, се внесува на длабочина 10-20 см, така што ќе биде во близина на кореновиот систем на растенијата, од каде младите растенија ќе ги црпат хранливите материи.

2. Пред сеидбата се користи стартно ѓубриво со избалансирана содржина на хранливи материи, НПК 15:15:15; 18:18:18 … Претсеидбеното ѓубрење има за цел во близина на растенијата да се внесе дел од хранливите материи, што ќе овозможи брзо и лесно задоволување на потребите од храна на младите растенија веднаш штом ќе поникнат.

3. Прихраната се изведува исклучиво со азотни ѓубрива и тоа во пролет.

Пример за ѓубрење

Со основната обработка се заорува 300 кг/ха ПК 20:30 и 100кг/ха уреа, со што се обезбедува 46 кг/ха азот, 60 кг/ха фосфор, 90 кг/ха калиум.

Пред сеидбата се користи 200 кг/ха НПК 15:15:15, со што се обезбедува 30 кг/ха азот, 30 кг/ха фосфор, 30 кг/ха калиум.

Останатите потреби од азот ќе се задоволат во пролет преку прихраната

Кога нема подетална агрохемиска анализа на почвата се користи ориентационо 300 кг/ха НПК 15:15:15

СОРТИ

Остварувањето на високи и стабилни приноси и добивање зрно со соодветен квалитет зависи и од изборот на сортата. Сортата треба да се прилагоди кон подрачјето на одгледување, временските прилики, состојбата на почвата. За да се постигне генетскиот потенцијал на сортата, неопходно е да се применат сите потребни агротехнички мерки. Покрај квалитетот и приносот, сортата треба да биде отпорна на полегнување, мрзнење, суша и болести.

На пазарот има повеќе домашни и странски сорти. Некои од нив се македонска рана, македонска родна, балканија, БТ 04-069, рената, луција, апачи, викторија, маја, матеа, алкантара, авенју и др. Изборот на сорта, земјоделските производители, покрај гореспоменатите предуслови, ќе го направат и врз основа на тоа, кои сорти ги нудат овластените дистрибутери и снабдувачи со семенски материјал.

СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ И СЕИДБА

Потребно е да се користи квалитетен, деклариран сертифициран семенски материјал. Семенскиот материјал мора да биде селектиран и дезинфициран. Сеидбата на квалитетно и декларирано семе е гаранција за успешно производство. Приносот во тој случај е за 20% повисок во однос на сеидба со недекларирано семе. Рокот за сеидба во наши услови е од 01 до 30 октомври. Оптимален рок е 10-25 октомври.

Потребно е да се користи квалитетен, деклариран сертифициран семенски материјал. Семенскиот материјал мора да биде селектиран и дезинфициран. Сеидбата на квалитетно и декларирано семе е гаранција за успешно производство. Приносот во тој случај е за 20% повисок во однос на сеидба со недекларирано семе. Рокот за сеидба во наши услови е од 01 до 30 октомври. Оптимален рок е 10-25 октомври.

Потребната количина на семе за сеидба никогаш не е иста. Зависи од сеидбената норма, физичките особини на семето, рокот на сеидба, временските прилики и припремата на почвата за сеидба.

За сеидба се препорачува да се користат редосејалки со цел рамномерно распределување на семето, што доведува до изедначен посев, а тоа доведува до високи и стабилни приноси. Кога при сеидбата условите се сушни, пожелно е да се помине со валјак (кембриџ) со цел да се покрие семето, да се поврзе со влагата за да се овозможи изедначено поникнување.

Во случај на сеидба после оптималните рокови, сеидбената норма треба да се зголеми за 10% за секои 10 дена доцнење на сеидбата. Сеидбената норма се зголемува и во случај кога почвата не е адекватно припремена.

Количината на семе за сеидба се движи од 250 до 300 кг/ха.

Пченицата би требало да се сее, зависно од сортата, врз основа на потребниот број зрна по м2, а сеидбената норма се движи од 350 до 700 `ртливи семенки на м2.

ЗАШТИТА

За заштита од болести најдобро е да се користи сертифициран семенски материјал со декларација, запрашен.

Плевелите кои предизвикуваат штети во посевот од пченица можат да бидат теснолисни, широколисни, како едногодишни, така и повеќегодишни. За заштита од плевели, покрај редовните агротехнички мерки кои треба да бидат навреме и квалитетно извршени, се користат и одредени хербициди за нивно сузбивање. На пазарот постојат голем број хербициди за сузбивање на плевелите. Примери за некои од нив кои се користат во есенскиот период се:

− Logran 20 WG – сузбива едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели, се користи од есен после сеидба до пролет, 37-40 гр/ха со 200-400 л/ха вода, еден третман годишно;

− Seratte – сузбива теснолисни и некои широколисни плевели, од фаза 3 листа до фаза кога второто коленце е 2 см над првото, 250 гр/ха со прилепител Адигор 1-1,5 л, само еднаш годишно на иста површина;

− Lintur 70 WG – сузбива едногодиши и повеќегодишни широколисни плевели, се користи од есен после сеидба до пролет, 37-40 гр/ха со 200-400 л/ха вода, еден третман годишно;

− Axial 50 EC – сузбива едногодишни теснолисни плевели, се користи од два листа до појава на заставичар, 0,6-0,8 л/ха со 150-400 л/ха вода, еден третман годишно;

− Alister Grande OD – сузбива теснолисни и широколисни плевели, од 2 листа до крај на братење, 0,8-1 л/ха со 200-400 л/ха вода; Atlantis Star WG – сузбива теснолисни и широколисни плевели, од 3 листа до второ коленце, 0,2-0,33 кг/ха. Овој хербицид задолжително се комбинира со оквасувач MERO во доза од 2 л/ха, со цел постигнување на потполна ефикасност на хербицидот;

− Hussar OD – сузбива теснолисни и широколисни плевели, од 3 листа до заставичар, 0,10,12 л/ха.

− STOMP AQUA – селективен контактен и почвен хербицид, сузбива едногодишни класести плевели и ја намалува заплевеноста со некои едногодишни широколисни плевели, после сеидба пред никнење, 3-4 л/ха.

− ROXY 800 EC – сузбива класести и широколисни плевели, по сеидба пред никнење, па сè до фаза на 3 развиени листови на културата, оптимално веднаш по никнење на културата, 2,5-3 л/ха.

Претходните два хербициди може да се користат и во комбинација, за да се прошири спектарот на делување и тоа STOMP AQUA 2 л/ха + ROXY 800 EC 2 л/ха.

На пазарот постојат и други ефикасни хербициди, а земјоделецот ќе ги примени оние со кои ќе постигне најдобра заштита на посевот.

Од штетниците како економски најзначаен е црниот житарец (забрус) кој има 1 генерација годишно, а најголемите штети ги прават ларвите со својата исхрана. Јајцата ги полага од август до октомври, а ларвите се испилуваат од крај на август до ноември. Опасноста од забрус доаѓа од монокултурно одгледување на пченицата. Затоа е потребно примена на плодоред. Со цел рано да биде откриен овој штетник потребно е постојано следење на посевот, визуелен преглед на површините. Економскиот праг за третирање во есен е 5-6 нападнати растенија на површина од 1 м2. За сузбивање се користат соодветни инсектициди. Некои од препаратите се:

− CYTRHRIN MAX – доза 0,2 л/ха;

− Reldan 22 EC – 2 л/ха;

− Nurelle 550 D – 1 л/ха;

− Pison – контактен почвен инсектицид, доза 20 кг/ха.

Советник

Слаѓана Калајџиеска Бебекоска

АПРЗ Струга

Може да ви се допадне

Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Отворен Максол Експо 2026, соларната енергија е иднината, секој треба да даде свој придонес
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 04.06.2026 година
Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – потрошувачите се изманипулирани, ќе ги објавиме фирмите
Таг:активностиесенпченицата
Претходен напис МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение, апелираме за поддршка и разбирање
Следен напис Птичји грип во Австрија, цела земја прогласена за ризично подрачје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?