Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…
Агровести

Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…

Објавено 11/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.

-Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, се уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица иако силно се обидуваме да го стопираме пред самото село. Вториот пожар кој што избувна денеска попладне е пожарот над Пехчево и создаде голема паника кај граѓаните. За жал, таму изгоре и еден џип на локалната самоуправа. Тежок пожар за гаснење. Во овој момент сме многу слаби со воздухоплови и ќе треба повторно да се потпреме на правење на противпожарни пресеки. Во секој случај нас силен фокус ќе ни биде заштита на населените места околу овој пожар, конкретно селото Буковиќ и месноста наречена Ееленско платно, вели Ангелов.

Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Се дејствува со доброволцио од Црвениот крст од Планинската спасителска служба, помогнати со лица од Националниот парк Галичица.

Активен пожар им и во Општина Новаци којшто зафаќа голема површина. Гори ниска вегетација. На територија на Кичево има два тешки пожари кои, како што вели Ангелов, создаваат паника меѓу населението.

-Првиот е кај селото Патеец, кој беснее од вчерашниот ден и минува низ борова, но и низ букова шума, рече Ангелов. Повторно се активирал и пожарот кај село Челопеци и се движи кон Бигор Доленци и гори мешана шума.

Околку селата Преше и Папрадишта, Општина Чашка, гори мешана шума, ниска вегетација и трева.

Осмиот пожар е на територијата на Македонски Брод кај селата Грешница и Слатина.  Во Ресен е запалена градската депонија, а во Чучер Сандево гори ниска шума, околу селото Блаце.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:БелицаЈасенПехчевопожари
Претходен напис (ВИДЕО) Драма во село Бекирлија – во полусвесна состојба пронајдено исчезнатото лице од Лозово
Следен напис Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?