Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Агровести

Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора

Објавено 07/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден регистрирани биле 40 пожари на отворено, триесетина се изгаснати, четири се активни. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во денешната изјава рече дека вчерашниот ден бил еден од најтешките сезонава во однос на пожарите поради високите температури и ветерот. Вчера биле регистрирани 40 пожари на отворено, триесетина се изгаснати, а четири се сеуште активни.

Пожарот на македонско-косовската граница, кој беше активен неколку дена, е целосно изгаснат и во моментов нема горење од ниту една страна-рече Ангелов.

Тој посочи дека овој пожар нема да предизвика загадување на воздухот во Скопје. Пожарот кај Брвеница, повторно се активирал, иако вчера бил ставен под контрола. Пожарникарите, тимови  на ДЗС, интервенирале во текот на ноќта. Во раните утрински часови пожарот повторно бил ставен под целосна контрола. Во текот на денот ќе следат дополнителни проверки поради можноста од повторно активирање.

Во раните утрински часови, рече тој, изгаснат е и пожарот кај Руѓинце во општина Старо Нагоричане. Ангелов упати благодарност до пожарникарите од Старо Нагоричане и Ранковце, кои, како што рече, со голем ризик и пожртвуваност го локализирале пожарот што зафатил голема површина.

– Најкомплексна е состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора. Како поддршка на скопските пожарникари и тимовите на ДЗС, ангажиран е полициски хеликоптер, а активирани се и тимови од „Национални шуми“. Во гаснењето учествуваат и 30 припадници на Армијата. Теренот е тешко пристапен, а на одредени места и целосно непристапен-изјави Ангелов.

Активен е и пожарот кај Белица во Македонски Брод, кој во текот на ноќта не покажувал сериозни знаци на горење, но повторно се активирал во потоплиот дел од денот. На терен интервенираат пожарникарите од Македонски Брод. Пожарот кај Селце, во струшкиот регион, во текот на ноќта бил намален, но утрово повторно се активирал. Ангажирани се пожарникарите од Струга, а предвидено е и испраќање воздухопловна поддршка. Пожарот кај Тајмиште во кичевскиот регион е ставен под целосна контрола.

Ангелов рече дека во текот на денот се можни промени во состојбата, со оглед на високите температури и нагласи дека има  опасност од нови пожари на отворен простор.

– Апелирам граѓаните да бидат исклучително внимателни. Доволна е само една искра за да настане вистинска катастрофа- апелираше Ангелов. 

ДЗС

Може да ви се допадне

МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Бензините поскапуваат за три, дизелот за шест денари
Серафимовски за откупот на пиперки, ориз и грозје: Од Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе побараме да утврди за можна злоупотреба на пазарна моќ и нефер трговски практики
Зрелост и берба на грозјето
Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките
Таг:најтешка состојбатаРамноСкопска Црна Горачетири пожари
Претходен напис Бензините поскапуваат за три, дизелот за шест денари
Следен напис МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?