Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши

Објавено 13/09/2024
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Aко сакате круши, кајсии, лубеници, јаболка, пипер или зелка од македонско производство, ред е да Ве запознаеме и со земјоделецот кого го барате. И не само тоа, само да го слушнете како раскажува за сѐ што работи ќе посакате и вие да сте дел од неговата приказна.

Бајро Ашкериќ од село Виничани, Градско (Велес) веќе 40 години активно се занимава со земјоделство и тој и неговата фамилија само тоа работат, јачмен, пиперки, зелка, бостан, јаболка, кајсии и круши. Тој е осигуран земјоделец и иако постојано бара работници, во последните години вели дека нема, па работи заедно со неговата фамилија, произведуваат, берат, носат, продаваат, заработуваат и живеат од тоа.

-Ако се работи домаќински има за една нормална живеачка, вели Ашкериќ кој уште на почетокот ни кажа дека во селото веќе нема работници кои би работеле во нивите и паѓа производството на ниво на целиот регион.

-Порано во селото имаше 1500 фолии пипер, сега нема ни 150. Младите се иселуваат, нема кој да работи, за 5 години ние како држава целата храна ќе ја увезуваме, вели тој земјаќи го предвид трендот што владее во околината.

-Работници нема никаде, убави дневници даваме, доручек, ручек, сокови… но нема дефинитивно. Ќе мора да се ориентираме да садиме тоа што можеме сами да го сработиме или со машини бидејќи нема работна сила, вели Ашкериќ кој заедно со неговата и земјата што ја има земено под концесија од државата обработува вкупно 30 хектари со жито, овошни и градинарски култури.

Нему работата му оди одлично и тој е задоволен од неговиот агробизнис, а сè започнало уште од времето на поранешна Југославија, кога Бајро работел како дете со родителите. Саделе бостан и детелина, но со текот на годините кутурите се промениле, желбата за работа останала иста и поголема, па затоа зеле и земја под концесија. Бајро не мисли колку заработил од сето тоа што го произведува, тој вели: Јас се радувам кога дрвото е полно, кога има род. Ако видам убаво сработена нива дури и кај соседите, јас се радувам, мене тоа ме прави среќен. Тој се пофали дека неговото село, Виничани, е најголем производител на кајсии во Македонија, бидејќи е лоцирано на повисоко и цветовите не ги фаќа пролетниот мразн, а добро знаеме дека веќе со години поради временските услови, македонски кајсии речиси и не можеа да се најдат.

Агротим: Каде го продавате сето тоа? Имате ли откуп?

-Со текот на времето ме научија сите и немам проблем со откупот. Продавам сè што произведувам, дури се бара и уште. Продавам на Кванташки пазар, по други пазари, дирекно на трговци, по маркетите. До минатата година крушата речиси 90 посто ми одеше за маркетите. Веро, Тинекс и другите маркети ми купија сè што имав, вели Бајро кој продава и бостан, носи лично или му го земаат од нива. Единствено што не е задоволен годинава е тоа што на Кванташки пазар не успеваат обичните земјоделци, најмногу се трговци и имаат воведено нови промени.

-За мене не е проблем, ама покрај влез, започнаа да наплаќаат и од час, како на паркинг да сум и таму не може обичен земјоделец да просперира, не му се исплати, само трговци. Сега ако не го продадам денес ќе го продадам утре, ама малите земјоделци, не можат тоа да си го дозволат и таму да просперираат, истакнува Бајро и вели дека тоа не е во ред, бидејќи и на малите земјоделци им е потребен пазар каде што ќе можат да си ги продаваат нивните производи.

Работат со семејството, сопругата и синовите и годинава имало бериќет, крушите полни, бостанот, кајсиите добри, само пиперот привите две берби биле слаби.

-Пиперот немаше толку род годинава, за него немаше убаво време, многу беше жешко. Среќа што имаме убав систем за наводнување, па извадивме пипер, ама на ова жешко и да го полеваш пак не е убаво, си треба услови какви што бара растението, ако нема, нема да роди, раскажува земјоделецот.

Агротим: Kaко се одлучивте во велешко да садите круши? Колку продадовте досега?

-За крушите имаме убав шпалир систем и ни родија многу убаво годинава крушите, ги работиме веќе 15 години. Постојано пратам земјоделски новости и вести, информации за тоа што ме засега и пред многу години, тогашниот министер за земјоделство, бидејќи во Ресен имаше голем проблем со откупот на јаболка, на земјоделците им рече „Јаболки има многу на пазарот, нема круши, круши се бараат. Зошто не посадите круши?“. Слушнав, прв посадив и не згрешив. Уште од 2009 година до сега, веќе петнаесет години работиме круши и многу сум задоволен од нив. Тогаш побарав помош од професори од земјоделски факултет и многу сум му благодарен на професорот Марјан Кипријановски кој ми излезе во пресрет. Тој ми помогна околу изборот на сортите, информации за нив и се што можеше да ме научи. Многу ми помогна за нив“, раскажува Бајро.

Тој има 3 хектари само круши, околу 4000 садници и годинава досега продал 30 тони круши. Порано имал 15 хектари кајсии, но бидејќи биле на друго место, во близина на локалитетот Стоби, постојано мрзнеле, па ги искорнал и посадил на друго место, во близина на Виничани и сега не мрзнат. Годинава кајсии немал многу за продажба, ама затоа бостан дури продале 130 тони.

За крушите е многу задоволен од добрата цена. Првите берби оделе и по 90 денари за килограм, потоа за 40. 50, 60 денари во зависност од сортата. Бостанот одел по 10 денари, иако додека да стигне до купувачот цената се зголемува. „Знам дека на пазар е друга цена, но ние го продадовме по 10 денари за килограм, за нас е толку и среќа што имаме голема количина“, вели тој.

За сето тоа што го произведува зема редовно субвенции и од државата, како и картички за зелена нафта, но она што го мачи, како и повеќето производители на храна е загарнитраниот откуп:

-Најмногу ни треба гарантиран откуп. Тука ако може државата да помогне и да не се зависи од трговците, бидејќи не секогаш и не сите играат фер. Да се направат ладилници и да имаме нешто сигурно, бидејќи ако не го продадеш, ќе треба да го фрлиш. Производите не стојат, еве видете што се случи во прилепско. Произвеле пипер, ама им викаат сега нема толку потреба, ги чекаат да ја спуштат цената и сега земјоделците што да му прават на пиперот. Ќе мора да го дадат за пониска цена или да го фрлат, раскажува Бајро и додава дека токму тоа е најголемиот предизвик досега, со се ќе се правиш ама ако немаш откуп, немаш ништо.

„Кога имаш откуп, пакуваш носиш и тоа е тоа“, порачува Ашкериќ.

За Ашкериќ земјоделството е мерак и живеачка, а како изгледа дел од она што тој го прави погледнете во следните видеа од неговата приватна архива.

Анета Тасова

Може да ви се допадне

Прскање против комарци утре во Неготино
Преку проект ќе се ревитализираат делови од меморијалниот комплекс „Пелинце“
ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
Без вода корисниците од селото Кондово
Дел од корисниците на бул. „Кочо Рацин“, во Центар денеска без струја
Таг:Бајрозелказемјоделствокрушиминистермладинивиовошкисело
Претходен напис Лозјето може да биде и хоби: Станоев ја одгледува најубавата винска сорта „Cabernet sauvignon“ и еве што ни откри за неа
Следен напис Променливо облачно со повремен локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?