Ништо не може да ја разубави градина во текот на зимата, толку многу колку украсната зелка или, како што уште се нарекува, украсен кељ. Овие растенија се екстремно толерантни кон зимските временски услови и заглавени меѓу другите есенски зеленчуци и цвеќиња, тие можат да ја претворат градината во спектакуларно визуелно искуство Покрај тоа што имаат атрактивен изглед, тие можат да се консумираат.
Научете како успешно да ги одгледувате.
Благодарение на големите и убави розети и различните бои, како што се крем, розова, виолетова и бордо, украсната зелка и украсниот кељ , можат да направат обичната градина да биде вистински спектакл.
Боите се интензивираат со падот на температурата, особено под 10 степени, а тоа е она што ги издвојува од другите растенија. Декоративната зелка може да преживее до -15 степени и нејзината убавина ќе го разубавува дворот или градината се додека зимата не стане премногу остра.
Многу луѓе мешаат украсна зелка и украсен кељ. Технички, тие припаѓаат на исто семејство, а единствената разлика е во тоа што украсниот кељ има поцврсти и виткани лисја долж рабовите, додека украсната зелка има широки, прави лисја, кои по рабовите имаат светли контрастни бои. Сепак, поради нивната сличност и затоа што бараат исти услови за одгледување, не е ни чудо што луѓето ги мешаат.
Декоративната зелка (и украсниот кељ) можат да се садат индивидуално, помеѓу помалку атрактивните растенија, а одлично изгледаат по краевите на градината или во дворот покрај патеката. Бидете сигурни дека овој дел ќе привлече најголемо внимание кај сите соседи и минувачи.

Покрај ниските видови, постојат и видови кои имаат доли дршки и можат да се исечат и да се чуваат во вазна.
Садење и нега
Декоративната зелка се одгледува од семе кое треба да се насее во средината на летото за да биде подготвена за есенско садење. На семето му треба светлина за да ‘рти, што значи дека тоа не треба да биде покриено со земја, туку е само малку притиснато во земјата. Температурата треба да биде помеѓу 18-20 степени, а растенијата треба да се појават за 4-6 дена.
Ако сте ги засадиле во саксии и сакате да ги пресадите во градината, садници се пресадуваат кога растението развие 4-6 трајни лисја. Најдобро е да се засадат на растојание од 50-60 см, бидејќи тие обично се зголемуваат во обем.
Полесна, но поскапа опција е да се купат готови главици од некој расадник.

Декоративната зелка, како и украсниот кељ, претпочитаат сончево место, а влажната и добро дренирана почва најмногу им одговара. Тие се прихрануваат секоја трета недела, со ѓубриво НПК 10:10:10. Бидејќи им одговара многу влага, се препорачува да ставите прекривка(мулч) околу нив, со што почвата ќе се одржи влажна.
Декоративна зелка, како и украсниот кељ се доста отпорни растенија. Тие се склони кон истите штетници и болести како зелката и кељот што се одгледуваат во градината, но многу помалку, имајќи го предвид годишното време. Ако забележите појава на штетници, третирајте ги со соодветни средства, односно со истите со кои се третира обичната зелка и кељот.
Кога ќе достигнат висина од околу 15 см, експертите препорачуваат да се отстранат (исечат) најниските лисја, што ќе го поттикне растот на централното стебло и ќе се намали ризикот од габични заболувања.
Иако се смета дека може да се користи за јадење, украсената зелка има горчлив вкус и најчесто се користи како декор на чинијата. Може да се конзумира со методот на двојно вриење за да се намали горчината или да се динста во маслиново масло.
Извор: Агромедија.рс
