Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ако планирате да инвестирате во ФАРМА за говеда, свињи, овци, кози…имате 60% ГРАНТ преку ИПАРД, повикот е најавен!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Ако планирате да инвестирате во ФАРМА за говеда, свињи, овци, кози…имате 60% ГРАНТ преку ИПАРД, повикот е најавен!
ИПАРД

Ако планирате да инвестирате во ФАРМА за говеда, свињи, овци, кози…имате 60% ГРАНТ преку ИПАРД, повикот е најавен!

Објавено 12/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 27.12.2024 го најави новиот Јавен повик 01/2025 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата преку Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“.

Финансиските средства на претстојниот повик ќе бидат наменети за следните сектори:

  1. Сектор за растително производство, и тоа следните потсектори:
    • Житни култури
    • Индустриски и фуражни култури
    • Лозови насади (само вински сорти)
    • Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7
  2. Сектор за сточарско производство, и тоа следните потсектори:
    • Говеда (за: млечно говедарство, гоење)
    • Свињи (за: репродукција, гоење)
    • Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење)
    • Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери)
    • Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7
  3. Сектор рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби
  4. Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, и тоа следните потсектори:
    • Млеко и млечни производи
    • Јајца, месо и производи од месо
    • Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
    • Шира, сок од грозје, вино

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ:


• Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство
(како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, итн) ;


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за подобрување на стандардите на
благосостојбата на животните (постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и
размножување, чистење на арското ѓубре, одмор на отворен простор итн.);


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за заштита на животната средина
(енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на арско
ѓубре, отпад и третман на нус-производи, третман на вода, итн.), вклучувајќи и ублажување на
последиците од климатските промени (заштитни покривки, сенки и сл), вклучувајќи и
обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да
се задоволат потребите на земјоделското стопанство за сопствените активности на
земјоделското производство;

• Набавка на специјализирани транспортни приколки и возила, како што се земјоделски
приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на
производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт
на арско ѓубре, транспорт на опрема за биомаса и сл.;


• Развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и
реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за
снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување
(дренажа), артески бунари, оградување, итн. и други подобрувања на надворешниот простор од
имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите
земјоделски активности.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД III програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, а се поддржуваат инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на земјоделските стопанства.

Јавниот повик ќе трае 45 дена сметано од денот на објавување.

За повеќе информации и изготвување на апликации на телефонскиот број 071 225- 345.

Може да ви се допадне

Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Продолжува реализацијата на ИПАРД 3, потпишани 5 нови договори
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
Таг:грантинвестицијаИпардфарма
Претходен напис До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
Следен напис Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?