Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агровести

АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто

Објавено 14/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид.

Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет. Надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ

Може да ви се допадне

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
„Вински фестивал – Македонско село“ од 16 до 18 октомври
(РЕЦЕПТ) Варени ѓевреци
Извештај: Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
Без струја делови од Карпош и Аеродром
Таг:ахвдва тони хранаЗапленетизелениот пазарЧенто
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2026: 360.000 денари за АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН во семејството
Следен напис Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?