Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
Агровести

АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово

Последна измена: 04/07/2025 13:02
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храна на Република Косово за прв случај на болеста чума кај малите преживари во оваа земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија и од Република Косово.

На сила е и Решението за забрана за увоз од Република Албанија кое неодамна го донесе АХВ, каде досега се потврдени неколку жаришта на болеста.

-На дневна основа ја следиме состојбата со болеста чума кај малите преживари. Со цел заштита од внесување на вирусот на болеста, зачувување на статус земја слободна од болеста и извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија, превентивни мерки се преземаат уште од 2024 година, од неодамна се воведени мерки на засилен надзор на болеста долж пограничниот појас на граница со Албанија, а исти вакви мерки за пограничните региони, ќе се воведат и кон Косово. Особено засилена е контролата на евентуално илегално движење на животни и забрана за движење на животни меѓу населените места лоцирани во пограничните појаси, за што, за потврдтата на првото жариште во сосседно Косово известени ќе бидат и МВР, Царинската управа и другите надлежни државни органи, наведува АХВ.

Заради намалување на ризикот од појава и проширување на болеста, АХВ ги извести ветеринарните друштва и официјалните ветеринари за спроведување на засилен надзор на одгледувалиштата со овци и кози и пријавување на секој сомнителен случај на болеста, а со одгледувачите на ситен добик во тек се информативни трибини за запознавање со симптомите на болеста и нивно полесно препознавање. Одржни се неколку координативни состаноци со преставници на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, националните паркови, Министерство за земјоделсто, шумарстово и водостпанство, Шумска полиција и други надлежни органи.

-АХВ е во постојана комуникација и соработка и со Факултетот за ветеринарсна медицина од Скопје, Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари, на соостаноците укажувајќи за обврските во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари. Упатен е апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно. Сточарите, секоја промена во однесувањето на животните ( згомена температура, намален апетит, промени на очи, нос, уста и сл.) веднаш да ги пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари. Исклучително внимателни да бидат и да не се обидуваат да ги лекуваат животните сами, информира Агенцијата.

Апелира, доколку има угинувања на животни на фармите, да не се прикриваат, туку задолжително да се пријават.

-Од фармите каде некое од животните ќе покаже симптоми на болеста, не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре. Во случај на сомнеж или потврда на болеста ќе се применуваат мерките од Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за чума кај малите преживари на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со Планот и оперативниот прирачник се уредуваат постапките и активностите кои треба да се спроведат и применуваат согласно Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за планови за итни мерки кај животните. Со овие документи се овозможува ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и контрола на приемчивата популација животни – овци и кози, како и брза проценка за ограничување или отстранување на ризикот за внес и ширење на вирусот, потенцира АХВ.

Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100% и е особено изразен кај подмладокот.

Болста не е зооноза односно луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опасност по нивното здравје.

Болеста чума кај малите преживари е една од најзаразните болести кај малите преживари. Може да се пренесе и на крупните преживари, но, кај нив не предизвикува никакви симптоми.

Инфекцијата обично се случува преку директен контакт меѓу приемчивите и заразени животни. Во раните фази на инфекцијата, кога животните имаат покачена телесна температура, сите телесни секрети и екскрети се високо контаминирани. Преносот на болеста преку воздух е брз кај соседни стада.

Излачувањето на вирусот започнува за време на инкубацискиот период, пред појавата на првите клинички знаци и може да трае до над 2 месеци по закрепнувањето. Овие периоди на „тивко“ присуство на вирусот, без видливи клинички знаци, го зголемуваат ризикот од ширење на болеста на други мали преживари, како домашни така и диви. Контаминација е исто така можна преку внесување на заразена храна или вода поради што е потребно спроведување на засилени биосигурносни мерки на одгледувалиштата за овци и кози и на пасиштата.

МИА

Може да ви се допадне

Карол Межеван, нова директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија
Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
Топлотен бран и бури на Балканот: Турција, Србија и Романија со температури до 41 степен, Загреб и Бихаќ погодени од невреме
Во Гевгелија утре ларвициден и теристички третман против комарци
Трите големи пожари во Албанија ставени под контрола, помогнаа и грчки канадери
Таг:АХВзаштитаКосовомеркиЧума
Претходен напис Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
Следен напис ЕК одобри употреба на генетски модифицираната соја како храна за луѓето и животните 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?