Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна
Агровести

АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна

Објавено 06/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните HACCP планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна.

-Од вкупно уништената небезбедна храна од страна на инспекторите за храна и официјалните  ветеринари во првиот квартал годинава, 277 килограми била храна од неживотинско, а остатокот храна од животинско потекло. Од почетокот на годинава до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12 699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот КОВИД 19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на HACCP процедурите и нередовно водење записи, неажурирани санитарни книшки на вработените, неусогласености во врска со хигиената во објектите, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини…, изречени се шест наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и три мерки едукација на операторите, се вели во соопштението на АХВ.

За утврдените недоследности инспекторите донеле 851 решение за нивно отстранување, изрекле 13 парични казни за операторите со храна, спровеле 423 едукации и поднеле 5 прекршочни пријави.

Во првиот квартал од годинава нема ниту забранети ниту уништени небезбедни пратки од увоз. За извоз на храна од животинско потекло во првите три месеци од годинава издадени биле 566 сертификати, а за извоз на храна од неживотинско потекло 597 сертификати.

-Почнувајќи од 16 март годинава, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на операторите со храна на целата територија во земјава согласно препораките на Комисијата за заразни болести и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки за намалување на ризикот од пренесување и ширење на вирусот КОВИД 19 кај луѓето. Покрај контролирање на тоа дали се почитуваат основните и посебните услови за безбедност на храната, во рамки на вонредните засилени контроли се вршат и проверки дали операторите со храна ги почитуваат препораките и мерките на Комисијата за заразни болести и Владата кои се однесуваат на намалување на ризиците и спречување на ширење на корона вирусот, посочуваат од Агенцијата.

АХВ, се додава во соопштението, останува отворена за соработка со граѓаните и бизнис заедницата. На бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 и на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство [email protected], во секое време може да се пријават недоследности во поглед на безбедноста на храната и почитувањето на препораките и мерките за заштита од корона вирусот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агенцијаахвветеринасртвокилограмихассапхрана
Претходен напис Ново откритие за исхраната на растенијата: Гладните листови го поттикнуваат коренот да зема повеќе азот од почвата
Следен напис Германските министри ги повикуваат граѓаните да не патуваат надвор од земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?