Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ со засилени контроли пред велигденските празници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ со засилени контроли пред велигденските празници
Агровести

АХВ со засилени контроли пред велигденските празници

Објавено 27/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот.

Се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Контролите се спроведуваат во маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности кај производителите, увозниците и трговците со јајца и бои за јајца, кај кои покрај усогласеноста со одредбите на Законот за безбедност на храна се контролира и спроведувањето на Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна.

Домашните производители на бои за јајца ги имаат имплементирано правилата на Добра производствена и Добра хигиенска пракса во производството, односно, боите кои ги произведуваат се безбедни.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани
производители/увозници, кои се соодветно означени/декларирани.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со
јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Инспекциските служби на АХВ во првиот квартал од годинава спроведоа приближно 12 илјади контроли. Изречени се 1 902 мерки (1040 решенија за отстранување на утврдени недоследности, 778 едукации, 11 прекршочни и поднесени се 15 кривични пријави).
Забранети за увоз се по една пратка со храна од животинско и од неживотинско потекло.

Уништени се повеќе од 67 тони небезбедна храна, од животинско и од неживотинско потекло, најголемиот дел од самите оператори – 44.1 тони и 22,9 тони од страна на
инспекциските служби на АХВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбезбедноствелигденскиконтроли
Претходен напис Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот
Следен напис Подрачни единици на Агенцијата за храна и ветеринарство, адреси и контакти каде можете да се обратите за информации или да пријавите одреден проблем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?