Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари
АгровестиСточарско производство

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари

Последна измена: 09/08/2024 14:17
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов.

-Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита од внесување на вирусот на болеста на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста во Република Романија и во Република Грција, кои АХВ ги донесе во јули годинава веднаш
по потврдувањето на болеста во посочените региони во овие земји. Како одговорна институција и за здравствената заштита на животните, по потврдувањето на болеста и во регионот, АХВ ги извести Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари за нивните обврски во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари, наведува АХВ.

Нагласува и дека е упатен апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно, при што ни едно од животните не смее да го напушти одгледувалиштето.

-Од таму не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре. Во случај на сомнеж или потврда на болеста ќе се применуваат мерките од Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за чума кај малите преживари кои Агенцијата ги подготви и донесе уште во 2018 година. Со Планот и оперативниот прирачник се уредуваат постапките и активностите кои треба да се спроведат и применуваат согласно Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за планови за итни мерки кај животните. Со овие документи се овозможува ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и контрола на приемчивата популација животни – овци и кози, како и брза проценка за ограничување или отстранување на ризикот за внес и ширење на вирусот, потенцира АХВ.

Според Агенцијата, ветеринарните друштва треба да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да  пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите на оваа болест или угинување на животни од видовите овци и кози.

Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100 отсто и е особено изразен кај подмладокот. Светската организација за здравје на животните (WOAH- OIE) и ФАО болеста ја класифицираат меѓу високо заразните прекугранични болести со сериозни општественоекономски реперкусии. Погодувајќи го ситниот добиток, козите и овците, се гледа како на болест од јавен интерес што го попречува развојот на сточарството на локално и национално ниво и ја загрозува безбедноста на храната и егзистенцијата на семејставата кои одгледуваат овци и кози.

Луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опаснот по нивното здравје.

Болеста чума кај малите преживари е една од најзаразните болести кај малите преживари која исто така може да ги зафати и некои диви мали преживари.
Инфекцијата обично се случува преку директен контакт меѓу приемчивите и заразени животни. Во раните фази на инфекцијата, кога животните имаат покачена телесна температура, сите телесни секрети и екскрети се високо контаминирани. Преносот на болеста преку воздух е брз кај соседни стада. Излачувањето на вирусот започнува за време на инкубацискиот период, пред појавата на првите клинички знаци и може да трае до над 2 месеци по закрепнувањето. Овие периоди
на „тивко“ присуство на вирусот, без видливи клинички знаци, го зголемуваат ризикот од ширење на болеста на други мали преживари, како домашни така и диви. Контаминација е исто така можна преку внесување на заразена храна или вода поради што е потребно спроведување на засилени биосигурносни мерки на одгледувалиштата за овци и кози и на пасиштата.

АХВ одржа координативен состанок со експерти од областа на кој се разгледа епидемиолошката состојба во земјава и во регионот. Донесени беа заклучоци за преземање засилени безбедносни мерки за спречување на внес и ширење на болеста во земјава.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:ахвзаштитаовци и козиОдгледувачитечума
Претходен напис Жителите на општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар 
Следен напис Трипуновски: Oткупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари, a за ситните сорти 30 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?