Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко
Агровести

АХВ: Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко

Објавено 07/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално
дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина,
Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од
пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на
храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година.

Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, со сериски
број/лот- LOT FD04, датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023, увезено
од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено
присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на
килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.

Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти
од Босна и Херцеговина го прифатат тоа, во спротивно, истото ќе биде уништено на депонијата
Дрисла.

Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со
храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.
Ги информираме потрошувачите дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со
исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот МИЛКАНО со наведениот лот и рок
на употреба, апелираме истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде што
е купен.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично
до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија
наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвмилканомлеко
Претходен напис Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот
Следен напис (ВИДЕО/ФОТО) Николовски: Остваривме уште едно ветување кон жените земјоделки, доделени грантовите до 6000 евра за мерката Рурална жена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?