Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден
Агровести

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Објавено 14/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава додаток во исхраната „Zeo Medic“, деклариран како диететски. Станува збор за додаток во исхраната кој не е одобрен/регистриран и за кој нема гаранција дека е безбеден, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). 

АХВ апелира, граѓаните пред да решат да купат храна или додатоци во исхраната преку интернет или социјални мрежи, да проверат  во регистрите што ги води АХВ, https://fva.gov.mk/mk/registri, дали операторите кои ги нудат ваквите производи се регистрирани.

-Ги повикуваме граѓаните да проверат преку регистрите и дали здравствените или нутритивните тврдења кои се истакнуваат на производите се одобрени или не, односно дали производите се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. До производителите или трговците кои нудат производи преку интернет и социјални мрежи, а кои не се регистрирани, апелираме да го легализираат производството, односно да се регистрираат како оператори со храна, наведува АХВ на својата официјална интернет страница.

Според АХВ, граѓаните не треба да наседнуваат и да купуваат непроверени и небезбедни производи кои се нудат преку социјалните мрежи од нерегистрирани/неодобрени оператори.

-За секоја недоследност, потрошувачите можат да ги известат надлежните инспекциски служби на Агенцијата лично, на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или електронски, на [email protected], истакнува АХВ.

Агенцијата дополнува и дека е зачестена појавата на продавање непроверени, често и небезбедни производи преку социјалните мрежи од страна на нерегистрирани/неодобрени оператори. За производите нема гаранција за безбедноста поради што може да бидат и опасни по човековиот живот и здравје.

-Ги информираме потрошувачите дека нашите инспекциски служби ја контролираат работата само на одобрените/регистрираните оператори со храна, односно на сите кои се внесени во легалниот синџир на производство и трговија, вклучително и на оние кои вршат електронска продажба на своите производи. Во рамки на своите можности и надлежности, преку Одделението за спречување измами со храна и инспекциските служби, во соработка со други институции (МВР, Обвинителство,…) преземаме и активности за откривање на веродостојноста на профилите на лицата кои продаваат производи преку интернет и на социјалните мрежи, наведува АХВ. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Zeolit MKахвбезбеденгаранцијаодобренпродава
Претходен напис Земјоделци со трактори пристигнаа во Неапол и им делат овошје и други производи на сиромашните
Следен напис Богоев: Винската индустрија е особено важна за македонската економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?