Агенцијата за храна и ветеринарство годинава го зголеми буџетот наменет за ветеринарните друштва кои ќе ги спроведуваат програмите за здравствена заштита на животните. За разлика од 2017 година кога за оваа намена од буџетот беа одвоени 103 милини денари, годинава, за ветеринарните друштва наменети се 154 милиони денари. За две и пол години успеавме да го стабилизираме системот за безбедност на храната и здравствена заштита на животните, кој во 2017 година го затекнавме колабиран и со повеќе годишен долг од 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и други субјекти.
