Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ ги отфрла обвинувањата на претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО – ДПМНЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ ги отфрла обвинувањата на претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО – ДПМНЕ
Агровести

АХВ ги отфрла обвинувањата на претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО – ДПМНЕ

Објавено 18/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО – ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на болеста птичји грип.

АХВ е професионална институција и затоа пред граѓаните одговорно тврдиме дека храната која е увезена од оваа земја е безбедна.

Посочените увози во изјавата на Трипуновски се однесуваат на увоз на замрзнато месо и замрзнати производи од пилешко и мисиркино месо ( панирани производи) и истите потекнуваат од региони во Република Словенија кои се слободни од болеста птичји грип, а производите од месо се термички третирани со специфичен Д третман, што е исклучок од забраната за увоз. Станува збор за производи кои слободно може да се увезуваат откако ќе го поминат овој специфичен третман. За трите посочени пратки, словенечките ветеринарни власти имаат издадено соодветен сертификат со кој се гарантира нивната безбедност.

Манипулациите со кои се служи Трипуновски и со кои на сметка на граѓаните и бизнис заедницата од двете земји собира ситни политички поени, место да ги унапредуваат само ги уназадуваат економските врски на двете земји. Дегутантно е со соопштенија во кои не се проверуваат фактите, по секоја цена, да се инсистира да се биде присутен во јавноста.

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:пилешкоПтичји грипрегионтрипуновски
Претходен напис Министерот Николовски се сретна со амбасадорката Холштајн
Следен напис Времето денеска сончево и топло, од утре дожд и пад на температурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?