Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH
Агровести

АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH

Објавено 24/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во периодот 02.2 – 04.2.2026 година Агенцијата за храна и ветеринарство продолжи со спроведување на проектот „Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса“ со активноста менаџмент на диви свињи со перспектива на „Едно здравје“. Од страна на носителот на проектот Експериментален зоопрофилактички институт на Умбрија и Марке „Того Росати“ и проектните партнери, потпомогнати од страна на Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Национален референтен центар за проучување на болести предизвикани од пестивируси и асфивируси од Перуџа, Италија извршија теренска мисија на ловиштата позитивни на африканска свинска чума и работилница „Студии на случај за управување со диви свињи на африканска свинска чума од Италија“.

Од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и претставници на проектот беше посетено ловиштето „Ниџе“, во кое се разговараше за набљудување на ловиштата погодени од африканска чума кај свињите, дискусија за управување со популацијата на диви свињи, практики за надзор и собирање примероци, предизвици за биолошка безбедност и импликации за „Едно здравје“.

На ден 03.02.2026 во хотел „Капри“ Битола беше одржана работилница со претставници на Ловечката федерација на Македонија, локалните ловечки друштва од Преспанскиот и Пелагонискиот регион, официјални ветеринари и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство. На истата се разговараше за координативни механизми за подготвеност и одговор на африканска чума кај свињите, кампања за подигање на свеста за африканска чума кај свињите, стратегии за управување со диви свињи во областите погодени од африканска чума кај свињите и областите со висок ризик и интеграција на принципите „Едно здравје“ во политиките за контрола на африканска чума кај свињите. Дополнително беа споделени научени лекции од теренските набљудувања и состојбата со африканската свинска чума во регионите на Сардинија, Лацио и Северозападна Италија со експерите од проектот. Дополнително, експерите одржаа работна средба со експертската група за болеста Африканска чума кај свињите, формирана од страна на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. На крајот, експертите заклучија дека Агенцијата за храна и ветеринарство посветено работи на справување со болеста африканска чума кај свињите, не само кај домашната популација, туку и кај дивите животни

Во 2025 година не се регистрирани случаи на болеста африканска чума кај свињите кај домашната популација. Во текот на 2025 година болеста африканската чума кај дивите свињи констатирана е на 93 ловишта од кој 68 ловишта за крупен дивеч, додека 25 ловишта за ситен дивеч. Во 2025 година се регистрирани 54 позитивни случаи, што претставува намалување во апсолутен број во споредба со 2023 година (163 случаи) и 2024 година (331 случај). Ова апсолутно намалување на бројот на позитивни случаи не може директно да се интерпретира како реално намалување на присуството на вирусот, имајќи го предвид намалениот обем на земање и доставување примероци во текот на 2025 година (1457 примероци), во однос на 2023 година (4112 примероци) и 2024 година (2944 примероци). Намалениот обем на примероци може да биде резултат на повеќе фактори, вклучително и можно намалување на популацијата на диви свињи како последица на болеста, како и намалена стапка на доставување примероци како резултат на изменетите услови за финансиска компензација. Поради овие ограничувања, регистрираниот пад на позитивните случаи во 2025 година не може со сигурност да се интерпретира како реално намалување на присуството или циркулацијата на вирусот кај дивата популација.

АХВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:WOAHафриканска свинска чумаахвИталија
Претходен напис Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки
Следен напис ЈПДП: На коридорите 8 и 10 д во декември лани се работело на 11 моста и 10 натпатници, ангажирани 2.098 работници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?