Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ апелира од високите температури да се заштитат и домашните животни и миленици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ апелира од високите температури да се заштитат и домашните животни и миленици
Агровести

АХВ апелира од високите температури да се заштитат и домашните животни и миленици

Објавено 12/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Од АХВ посочуваат дека намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури.

Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите, се додава во соопштението од АХВ, може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба.

– Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција.
Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да
не биде премногу брзо, предупредуваат од Агенцијата.

За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури, додаваат, потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.

– Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски. Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните, доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

АХВ упатува апел до граѓаните да внимаваат на безбедноста на храна, каде и кога пазарат, но и како ја подготвуваат и чуваат истата со цел спречување на можноста од труење. Апел и до операторите со храна во услови на екстремно високи надворешни температури, да водат сметка за одржување на HACCP стандардите и принципите на добра производствена и
хигиенска пракса во производството, транспортот и трговијата со храна за да се превенираат можни ризици.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните граѓаните можат да ја пријават лично во Агенцијата, електронски преку [email protected] или на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:апелираахвдомашните животнизаштитатмиленицитемператури
Претходен напис Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени
Следен напис Неготино со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?