Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска
Агровести

АХВ апелира: Микрочипирањето на кучињата е законска обврска

Објавено 19/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици кучиња да ја исполнат законската обврска за идентификација на своите миленици со микрочип и нивна регистрација во модулот за домашни миленици во информативниот систем на Агенцијата. По извршената регистрација, се издава и пасош за домашен миленик.

Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а миленикот го носи чипот до крајот на животот.

Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето.

Сопствениците што веќе ги имаат микрочипирано своите миленици се потсетуваат дека имаат законска обврска да пријават секоја промена на податоците за животното или за сопственикот во надлежното ветеринарно друштво, кое треба да ја ажурира електронската база на податоци.

Агенција за храна и ветеринарство посочува дека во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните.

Микрочипирањето на милениците, како што велат од АХВ, има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.

АХВ

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати
Таг:ахвзаконска обврскакучињатаМикрочипирањето
Претходен напис Пуштање во употреба на новата специјална опрема за депонијата Русино
Следен напис Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?