Во соработка со Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија, во петок во 20 часот во Ресторан Империа – Новоселани, ќе се одржи средба со земјоделците на која ќе се разговара за можноста за аплицирање на новите повици од ИПАРД 3 програмата кои се очекуваат да бидат објавени во следниот период.
Сите потребни информации како да добиете грант од ИПАРД за набавка на нова механизација или технологија, подигнување на долгогодишни насади, изградба на фарми, ладилници, силоси, изградба или реконтрукција на апартмани, хотели, ресторани и други бизниси во рурално подрачје.
На трибината ќе бидат присутни консултанти кои ќе ве информираат за можностите кои ги нуди ИПАРД 3 програмата и за начинот на аплицирање. Во директната комуникација со консултантите ќе имате можност и да поставите конкретни прашања и дилеми за вашата идеја или инвестиција.
Локација: Ресторан Империа https://maps.app.goo.gl/Xfg9KG1nMuAUFwXq7
Дата: 21.06.2024 година (петок)
Време: 20:00 часот
Ве очекуваме!
