Кожата е нашиот најголем орган. Најголем, но за жал и најчесто потценуван како помалку важен од другите. Денес, повеќе од било кога, живееме во ера на парфеми и неверојатно голем избор на производи за нега и грижа за кожата, но реалноста, односно големиот број на инфекции, иритации и други состојби на нарушено здравје на кожата, и воопшто намалено севкупно здравје го потврдува спротивното. Во таа состојба неминовно се наметнува прашањето, каде грешиме. На сите тие модерни пенливи купки, гелови за тело, антибактериски сапуни и миризливи лосиони достапни за секој џеб и сечиј вкус, ние сепак не знаеме како правилно да се грижиме и да ја негуваме нашата кожа.
Затоа подарете и на вашата кожа еластичност преку природен пат, со природниот, рачно изработен сапун „Фила“, кој е изработен со ладно цедено масло од лен. Како резултат на есенцијалните масни киселини кои се присутни во маслото од лен, преку овој сапун ќе овозможите подобра нега на вашата кожа, ќе ја регенерирате и смирите.

Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла, кои обликуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други состојки исклучително корисни за здравјето на луѓето.

