Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aгенцијата за вработување го објави Повикот за Самовработување: Заинтересираните можат да добијат 5.000 евра неповратни средства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Aгенцијата за вработување го објави Повикот за Самовработување: Заинтересираните можат да добијат 5.000 евра неповратни средства
АгровестиЈавни огласи и повици

Aгенцијата за вработување го објави Повикот за Самовработување: Заинтересираните можат да добијат 5.000 евра неповратни средства

Објавено 08/05/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денеска го објави повикот за поддршка на Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, до невработените лица.

Со овој повик се охрабруваат невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво)

Право на учество имаат:

    – Невработени млади лица до 29 години;

  – Невработени лица со попреченост;

  – Невработени лица – мажи до  60 години и жени до 58 години;

    – Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство;

    – Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до  60 години и жени до 58 години;

    – Невработени лица Роми-мажи до  60 години и жени до 58 години;

    – Невработени лица повратници[1]

Сите кои се заинтересирани своето вработување да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), можат да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата 

Преку оваа програма заинтересираните можат да добијат:

– oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“

– ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;

–  неповратни средства (грант) во износ  од  307.500 денари,  со вклучен ДДВ;

– грантот ќе се добие  на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства)  со приложување на профактури  за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот;

        – финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со попреченост

     – советодавна/ менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот ќе се обезбеди и на следниве целни групи:      

o   лица со попреченост;

o   припадници на ромската заедница;

o   жени од ранливи категории (приматели на парични права по основ на социјална заштита, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).

o   повратници од странство во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп

Рокот за аплицирање во Програмата е до  19.05.2023 година

Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите  години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

1.  – Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство

2.       –  Бизниси во дејност од класа 49.32  – Такси служба;

3.     – Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муницијач

4.      – Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.

5.      – Приватни агенции за вработување

По исклучок од Точка 1 и 2, невработените лица со попреченост ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно

–      Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

–          Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија

Правата и обврските помеѓу АВРСМ  и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.


[1] 12 нови бизниси поддржани преку регионалниот проект на УНДП за повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување ќе се формираат во следните селектирани општини: Шуто Оризари, Штип и Прилеп.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агенцијаекономијанајновосамовработување
Претходен напис Во наредните денови постудено со дожд и ветер
Следен напис Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?