Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони домашна пченица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони домашна пченица
Агровести

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони домашна пченица

Објавено 03/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство нема да бидат од увозен карактер, вчера на седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка се со цел да се сменат сите правила на игра за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој информира и дека дополнително ќе се продолжи мерката за складирање на пченица и јачмен.

-За да излеземе во пресрет во оваа тешка ситуација, ќе ја продолжиме мерката за складирање на пченица и јачмен, ќе го продолжиме рокот се со цел со сите оние земјоделци коишто ќе не можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата да им овозможиме да ја складираат којшто државата ќе го покрие тој трошок. Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито, ние како Министерство секогаш, и во минатото како опозиција, сме биле посветен партнер на земјоделците, ќе го следиме овој процес и ќе останеме тие што ќе се грижат да земјоделците и оваа година бидат задоволни од тоа што ќе го обработуваат – изјави Трипуновски и додаде дека по завршување на жетвата ќе се работи на структурни промени за да нема проблеми пред жетва.

-По завршување на оваа жетва веќе ќе работиме на структурни промени се со цел идната реколта 2025 година да немаме вакви проблеми, да секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените, тоа значи структурни реформи коишто ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, сите оние проблеми коишто ги имаат и во делот на субвенционирањето и во делот на мерките проектите се со цел да имаме производна година којашто ќе биде предвидлива, а не како досега да во текот на жетвата се дефинираат работи – рече Трипуновски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетвамзшвминистероткупрезервицена
Претходен напис Ангов: Почна изградбата на Пречистителната станица во Дојран
Следен напис Мелничарите нудат 12 денари за пченицата, земјоделците бараат двојно повисока откупна цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?