Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенцијата за храна и ветеринство потврди дека треба да се уништат околу 9.000 свињи во карбинското село Таринци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенцијата за храна и ветеринство потврди дека треба да се уништат околу 9.000 свињи во карбинското село Таринци
Агровести

Агенцијата за храна и ветеринство потврди дека треба да се уништат околу 9.000 свињи во карбинското село Таринци

Објавено 01/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека во комерцијална фарма за свињи во карбинското село Таринци е потврден последниот позитивен случај на  болеста африканска чума кај свињите и тоа кај едно животно, но мора да се уништат вкупно 9.000 животни во оваа фарма. Во соопштението се вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) согласно донесеното решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите од 25.08.2023 година, презема  мерки за спречување на ширење на болеста и нејзино ставање под контрола. Иако станува збор за изолиран случај на заболено животно, од фармата во село Таринци ќе треба да се убијат и нештетно да се уништат околу 9 илјади животни во потврденото жариште и во контактните одгледувалишта за кои во тек е епидемиолошката анализа.

– Истите, согласно највисоките светски стандарди треба нештетно да се отстранат, односно да се закопаат во јами, без никакви последици по здравјето на другите животни, луѓето ниту човековата околина.АХВ уште од првиот ден е во интензивни контакти со локалната самоуправа која има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето, во која  ќе бидат закопани еутаназираните животни. Како одговорна институција за здравствената заштита на животните,  апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи, се вели во соопштението на АХВ.

Во него се посочува и дека  во услови на епидемија или добиточна болест, согласно член 222 од Кривичниот законик, непостапувањето по одлука на надлежен орган со која се определуваат мерки за отстранување или спречување на болест е кривично дело за која е предвидена парична казна или затвор до три години. Законот предвидува и повисоки казни за ова дело доколку поради делото настапи значителна штета. Според податоците за година и половина по појавувањето на првиот случај на болеста во делчевското село Драмче, до последниот позитивен случај во село Таринци,  убиени и нештетно отстранети се околу 3,5 илјади свињи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:9.000 свињиахвТаринциуништат
Претходен напис За викенд сончево, во понеделник пад на температурите, од вторник повторна стабилизација
Следен напис Неколку штетни состојки што треба да се избегнуваат во храната наутро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?