Денес, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили оствари продуктивен состанок со менаџментот на швајцарската компанија ADDFORCE, која претстави иновативно решение за целосна преработка на металуршки отпад преку нивната технологија Slag2Green, информираат од Агенцијата.
ADDFORCE има развиено уникатна технологија за фино дробење и мелење на шљак, комбинирана со нехемиска обработка што ја деактивира активната слободна вар. Резултатот е ECOSAND – еколошки производ кој активно апсорбира јаглерод диоксид (CO₂) од атмосферата.
Клучни придобивки од употребата на ECOSAND:
100% искористување на металуршкиот отпад во корисни производи (метали, градежни агрегати, ѓубрива),
За секој тон ECOSAND што заменува цемент или брза вар се намалуваат 500 kg CO₂ емисии,
Ослободување на земјиште за нова економска употреба,
Значајно намалување на отпадот и индустриското загадување.

Северна Македонија е идентификувана како потенцијална локација за поставување на Slag2Green производна единица. На состанокот се дискутираа условите за инвестирање, достапните државни мерки за поддршка, како и услугите на Агенцијата за странски инвестиции – од иницијалната фаза на интерес до пост-инвестициска поддршка.
Поддржуваме одржливи, иновативни и зелени инвестиции со висока додадена вредност за економијата и животната средина.
