Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенција за странски инвестиции и Царинска управа: Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенција за странски инвестиции и Царинска управа: Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции
Агровести

Агенција за странски инвестиции и Царинска управа: Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции

Објавено 23/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зајакната институционална соработка во насока на привлекување инвестиции

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, оствари работна средба со заменик директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Мустафа Даути, на која се разговараше за продлабочување на институционалната соработка во функција на унапредување на инвестициската клима во земјата.

Фокусот на средбата беше ставен на неколку клучни теми:

➡️ Зголемување на поддршката кон извозно ориентираните компании, преку навремена размена на информации и оперативна координација меѓу институциите;

➡️ Заеднички активности за креирање транспарентна, предвидлива и конкурентна регулаторна рамка, која ќе го олесни влезот и работењето на странските инвеститори во Северна Македонија;

➡️ Унапредување на дигитализацијата и интеграцијата на процесите поврзани со инвестициската и царинската документација.

Двете институции ја изразија својата подготвеност за воспоставување на постојан механизам за комуникација и координација, со цел навремено решавање на евентуалните предизвици на терен и подобрување на услугите кон инвеститорите и извозниците.

✅ Институционалната синергија претставува основа за креирање стабилна и атрактивна деловна клима, која е од суштинско значење за забрзан економски развој и зголемување на странските директни инвестиции.

✅ Заедничката заложба е јасна: поефикасни институции, предвидлива регулатива и силна поддршка за економски раст.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АгенцијаделувањеинвестициЦаринска управа
Претходен напис Најтопло во Велес и Кавадарци, измерени 43 степени!
Следен напис Предупредување од Хрватското министерство: Африканската чума кај дивите свињи се шири неконтролирано
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?