Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР со нови исплати кон земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > АФПЗРР со нови исплати кон земјоделците
Субвенции

АФПЗРР со нови исплати кон земјоделците

Последна измена: 06/03/2025 17:04
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години, директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци и директни плаќања за женски приплодни грла-маторици.

Висината на директни плаќања за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директните плаќања по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2021, 2022 и 2023 година и тоа:

– за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,

– за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,

– за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари,

– за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

За оваа намена се исплатени 44.630.000,00 денари кон 2.316 корисници.

Корисници на мерката за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци се земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози кои се постари на денот на аплицирање од 12 месеци и истите се чувани најмалку до 30 ноември 2024 година.

Висината на основните директни плаќања изнесува 2.000 денари по грло.

Исплатени се 15.768.000,00 денари кон 631 корисници.

Корисници на мерката за директни плаќања за женски приплодни грла-маторици се земјоделски стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум 5 грла маторици и истите ги чувале најмалку до 30 ноември 2024 година.

Висината на директни плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

Исплатени се 7.954.000,00 денари кон 283 корисници.

Може да ви се допадне

КРАЕН РОК 09.05.2025: Грант до 600.000 денари за нова земјоделска механизација и опрема
Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Јавен повик 02/2025 „Млад земјоделец“: Аплицирајте до 09.05.2025
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
АФПЗРР: Денеска исплата на субвенции во овоштарството
Таг:АФПЗРРЗемјоделцитеИспати
Претходен напис Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
Следен напис Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?