Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР го најави новиот повик за Мерка 3 од ИПАРД – Грантови до 1.5 милиони евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР го најави новиот повик за Мерка 3 од ИПАРД – Грантови до 1.5 милиони евра!
АгровестиФондови

АФПЗРР го најави новиот повик за Мерка 3 од ИПАРД – Грантови до 1.5 милиони евра!

Објавено 10/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го најави објавувањето на јавен повик за Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III програмата. Јавниот повик ќе биде објавен во текот на вториот квартал од оваа година, а периодот за аплицирање ќе трае 45 дена од денот на објава во дневните весници.

На овој јавен повик ќе можат да аплицираат правни лица и задруги за грант во максимален износ до 1.500.000 евра кој изнесува 50% од предвидената инвестиција, а во рамки на Мерка 3 се поддржуваат инвестиции во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата од индустријата за преработка на храна.

Приоритетни сектори поврзани со преработка и/или маркетинг на производи кои се прифатливи за поддршка во рамки на Мерка 3:

  • Млеко и млечни производи
  • Месо и месни производи (вклучително јајца и живина)
  • Овошје и зеленчук (вклучително компир и легуминозни култури)
  • Житарици, мелнички продукти и скроб
  • Растителни и животински масла и маснотии
  • Шира, вино, други ферментиране пијалоци, алкохоли и оцет
  • Риба и рибни производи
  • Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса

Вкупниот буџет наменет за финансирање на проекти во рамки на Мерка 3 изнесува 40 милиони евра за времетраењето на целата ИПАРД III програма. Во однос на претходните повици за Мерка 3, претстојниот повик предвидува зголемени можности по однос на типот на инвестиции и поголем обем на потенцијални корисници.

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се во Агротим Консалтинг на телефоните:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грантевраипардмерка 3најнвоо
Претходен напис Николовски: Изградивме капитален проект!Браната Конско – Најголемиот водостопански објект последниве 20 години
Следен напис Променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со дожд и силен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?