Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР ги известува земјоделците дека до 25 декември можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во ОРГАНСКО производство за 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР ги известува земјоделците дека до 25 декември можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во ОРГАНСКО производство за 2023 година
АгровестиСубвенции

АФПЗРР ги известува земјоделците дека до 25 декември можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во ОРГАНСКО производство за 2023 година

Објавено 14/12/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува органските земјоделски производители дека до 25 декември 2023 година можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2023 година и тоа за следните мерки:

М4  Финансиска поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло (вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или пак имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено.

Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства – производители на  органско кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, вклучително и корисници кои произведуваат храна со традиционални карактеристики, и во објекти кои се во  започната постапка за евидентирање според традиционални методи на производство, сирење добиено од млеко од овци и кози/мандри.

               Висината на поддршката изнесува 10% од вредноста на произведените и продадени производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и     сточарско производство, за не повеќе од 5 (пет) сертифицирани органски преработени производи

М5 Финансиска поддршка  за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или сертифицирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

 Висината на поддршката изнесува 5% од вредноста на продадените производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор.

М6 Финансиска поддршка  за посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација

 Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи од областа на органското земјоделско производство кои имаат добиено сертификат од овластено тело во 2023 година.

Висината на поддршката изнесува 50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2023 година.

М7 Финансиска поддршка  за  посебни директни плаќања за анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства

               Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат извршени агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2023 година,

Висината на поддршката изнесува 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000 денари по земјоделско стопанство и/или откупувач.

Потребни документи

  • Договор со овластено сертификационо тело
  • Сертификат издаден од овластено сертификационо тело
  • Спецификација за сертифицираните производни капациети (составен дел на сертификатот)
  • Фактура и доказ за платена фактура за извршената стручна контрола и сертификација
  • Фактура за продадени органски производи (за М4 и М5)
  • Извештај за анализа на почвата и фактура со доказ за платена фактура за трошоците за извршените анализи (М7)

Начин на поднесување на барањата

Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“.

Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аплицирањедекемвриорганскоподдршкапроизводствосубвенциифинасии
Претходен напис 10 години – Фонд за иновации и технолошки развој
Следен напис Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?