Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамки на универзалната услуга
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамки на универзалната услуга
Агровести

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамки на универзалната услуга

Објавено 16/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Брзината за широкопојасен интернет за секој краен корисник кој е дел од универзалната услуга да се зголеми од сегашните минимални 12 Mbps на 30 Mbps, предлага  Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која отвори Јавна расправа во пресрет на плановите за објава на тендер за избор на нови даватели на универзалната услуга.  

Предмет на јавната расправа се нацрт документите: „Анализа на брзината на пренос на податоци за ефикасен пристап на интернет, како дел од услугите опфатени со универзална услуга“ и „Правилник за измена и дополнување на правилникот за обезбедување на услуги опфатени со универзална услуга“. За тие нацрт документи сите заинтересирани субјекти можат да достават мислења и забелешки најдоцна до 13 април.

Според АЕК, ваквиот начин за дефинирање на услугата пристап до интернет и обезбедување услугата широкопојасен интернет во рамки на универзалната услуга ќе доведе до намалување т.н „дигитален јаз“ помеѓу определени урбани и рурални подрачја во државата. 

Агенцијата смета дека предложената брзина би помогнала во процесот на обезбедување на овој вид на услуга од страна на операторот или операторите кои ќе бидат избрани за даватели на универзалната услуга, со што директно ќе се помогне процесот на квалитетно обезбедување на онлајн сервисите во руралните средини и оние средини каде има послаба интернет врска.

Согласно со член 93 од Законот за електронските комуникации, давателот на универзална услуга на поврзаниот корисник на јавна комуникациска мрежа на фиксна локација треба да му обезбеди услуги за говор, факсимил и пренос на податоци со брзина доволна да се обезбеди ефикасен пристап на интернет. 

Зголемувањето на пристапната брзина до интернет услугите обезбедени преку широкопојасен пристап на интернет е во главните таргет цели дефинирани во Националниот оперативен бродбенд план. Со нив се предвидува до крајот на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година, секој да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps. Исто така, до крајот на 2029 година најмалку 50 проценти од вкупниот број на претплатнички договори на домаќинствата во цела држава, да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps, а сите домаќинства по прифатлива цена да имаат можност за пристап до мрежа која овозможува брзина за download од најмалку 100 Mbps со можност за надградба на гигабитна брзина.  Поставена е цел и сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни установи здравствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела), да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1Gbps.

Договорите со сегашните оператори за обезбедување на универзалната услуга истекуваат на почетокот на следната година, а се склучуваат во времетраење од пет години.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:аекуниверзалната услуга
Претходен напис Жител на Чашка запалил стрништа во неговиот блок кое се проширило на соседниот блок, повредени лица нема
Следен напис Растение кое носи до 5.000 евра нето приход по хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?