Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Агровести

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“

Објавено 16/06/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една од најважните инвестиции во процесот на енергетска транзиција и модернизација на домашниот енргетски сектор.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев истакна дека продолжувањето на успешната соработка со Светска банка е потврда за довербата во развојната визија на компанијата и во нејзините стратешки проекти насочени кон декарбонизација и зголемување на домашното производство на електрична енергија.

-Овие средства се наменети за имплементација на подготвителните активности за идната когенеративна централа „РЕК Битола 1“ и проширување на топловодната мрежа на Битола. Со овој чекор, Светска банка уште еднаш ја потврдува својата цврста поддршка за инвестициското портфолио на АД ЕСМ, чија реализација во претстојните години ќе донесе забрзана декарбонизација и ефикасно зголемување на домашното производство со оптимизирани трошоци. Преку грантот ќе ги спроведеме постапките за избор на еминентни консултанти и изработувачи на детални студии. Овој процес ја вклучува и изработката на клучната Физибилити студија, која ќе биде основа за распишување на меѓународен тендер за избор на најповолен понудувач за дизајн и изведба на електраната, согласно најдобрите меѓународни стандарди – изјави Узунчев.

Планираната инвестиција, вредна повеќе од 200 милиони евра, ќе се реализира во непосредна близина на постојниот производствен комплекс на РЕК Битола. Новата когенеративна централа ќе овозможи истовремено производство на електрична и топлинска енергија, со значително намалување на штетните емисии и усогласување со современите домашни и европски еколошки стандарди.

Покрај придонесот кон националните цели за декарбонизација, проектот ќе обезбеди и економски попристапно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Битола и околината, што ќе има директно позитивно влијание врз квалитетот на животната средина во Пелагонискиот регион.

-Грантот за подготовка на проектот (GFPP) ќе ја поддржи подготовката на голема инвестиција во Битола која што ќе помогне во изградбата на почиста, посигурна и поотпорна енергетска иднина. Тој ќе ги постави темелите за декарбонизација на електроенергетскиот сектор, интеграција на почисти извори на енергија и проширување на системот за далечинско греење, со цел да се обезбеди посигурно снабдување со топлинска енергија за локалните заедници – изјави Межеван.

Овој проект, додаде, исто така, го одразува поширокиот пат на земјата кон поблиско усогласување со европските енергетски и климатски цели.

-Унапредувањето на почисти енергетски решенија, модернизацијата на инфраструктурата и намалувањето на емисиите се важни чекори кон создавање енергетски сектор подготвен за иднината. Затоа денешното потпишување е повеќе од подготовка на проект. Тоа претставува поддршка на долгорочна транзиција – транзиција што е почиста, посигурна и поспособна да им служи на граѓаните и стопанството – потенцира Межеван.

Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, нема компромис со енергетската сигурност на земјата.

-Нашата визија е јасна – Македонија да стане земја која произведува повеќе домашна енергија и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток. Колку повеќе обновливи извори на енергија интегрираме во системот, толку повеќе ни се потребни стабилни и флексибилни базни капацитети кои ќе обезбедат сигурност во снабдувањето. Нашата цел е да изградиме модерен енергетски систем што ќе ги следи европските политики, а истовремено ќе гарантира сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството – нагласи Божиновска.

На настанот учествуваа и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, како и претставници на Светската банка, АД ЕСМ и други институции.

МИА

Може да ви се допадне

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Таг:АД ЕСМгрантРЕК Битола 1Светска банка
Претходен напис Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?