Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Агровести

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено 17/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски. 

Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница. 

Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш. 

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот. 

– Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко – рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски. 

Реагира пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ, која побара одговор од претседателот на Комисијата зошто во јавниот оглас е ограничен критериумот за образованието во однос на член 47 од Законот за енергетиката. – РКЕ е значајна институција за енергетскиот сектор и за заштита на јавниот интерес. По член 47 од Законот за енергетиката, кандидатот за претседател на РКЕ може да има образование во неколку области, но во огласот критериумите се ограничени само во електротехничкиот дел и тоа создава неусогласеност меѓу огласот и законот – рече Пашоли.  

Сајковски појасни дека во согласност со член 47 од Законот за енергетиката, РКЕ ја сочинуваат седум члена, од кои еден е претседател, а досегашниот претседател Бислимоски бил магистер по електротехника. 

Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ацо РистовпретседателРегулаторната комисија за енергетика
Претходен напис (ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Следен напис ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?