Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја
Сточарско производство

Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја

Објавено 04/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Aberdeen-angus е типична раса на говеда, со сосема црна боја. Шутост ( без рогови ) е доминантна особина, така што со вкрстување на раси со рогови, првите генерации мелези, кои се добиваат, се без рогови. Настаната е во североисточниот дел на Шкотска во ридско подрачје, кое се одликува со недоволно плодно земјиште и ладна клима во поголемиот дел од годината. При одгледувањето со сродство и селекција, добиена е раса на добиток со добри производни карактеристики, прилагодени на условите за одгледување во планинските предели.

Екстериер и телесни димензии

Aberdeen angus е прилично ниска раса, висината на гребенот на кравата е 125 см, а кај биковите 135 см. Се одликува со многу развиени ширини на предниот и задниот дел на телото.  Главата е мала, широка во челото и шута ( без рогови ). Вратот е краток, широк и меснат, трупот е долг и заоблен. Нозете се кратки, така што се нагласува големата ширина. Коските на нозете се тенки. Мускулатурата во областа на бутовите, се спушта се до скочниот зглоб. Кожата, видливите мукозни мембрани, папилите и роговите се пигментирани. Телото е покриено со црни и сјајни влакна. Тежината на телото на возрасни крави е 550-600 кг, а на биковите се 800-950 кг.

Производни карактеристики

Грлата од расата aberdeen-angus, имаат пропорционално тенки коски, што се одразува на поволниот однос на месото и коските. Рандманот при колење на кравите изнесува 65%, а на биковите 75%.  Месото е многу квалитетно и мраморирано.

Биковите од расата aberdeen-angus се користaт за комерцијално производство, тежината на телињата при раѓање е мала, т.е. во просек 35 килограми во услови на фарма, и телењето е лесно.

Aberdeen angus расата на добитокот служи како корисна расна компонента за создавање на мелези-крави со двојна мајчина основа , со изразена меснатост и одгледување на телињата по системот крава-теле. Кравите мелези aberdeen-angus раса имаат одлична репутација кај кравите кои ги дојат своите телиња, т.е. кои служат како мајчинска основа за производство на месо. Млечноста на aberdeen-angus е многу мала, т.е. само колку да се нахрани телето.

Aberdeen-angus како погодна раса за интензивно гоење, е многу отпорна како во ладни, така и во топли предели, така да е многу распространета. Најчесто се одгледува во САД, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка.

Извор – Современо земјоделство

Може да ви се допадне

Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:Aberdeen-angusговедарасацрна боја
Претходен напис Зајакната меѓународна соработка: УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање
Следен напис Трипуновски: Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?