Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Абдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да ја искористат оваа можност, да работиме да ги исполниме условите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Абдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да ја искористат оваа можност, да работиме да ги исполниме условите
АгровестиАгросектор

Абдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да ја искористат оваа можност, да работиме да ги исполниме условите

Објавено 13/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.

Министерството за одбрана функционира Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.

Една од домашните компании која веќе има искуство како добавувач е Живинарската фарма „Везешари“ од село Требош – Тетовско.

Сопственикот на компанијата, Арбен Абдурахмани посочува дека продажбата на домашните производи во НАТО е одлична можност за македонските компании за пласман на производите и зголемен профит.

-Ние веќе неколку години продаваме јајца во НАТО преку компании кои се јавуваат на тендери наменети за снабдување на кујните за војниците. Се заинтересиравме за процедурата, ги исполнивме условите, дојде комисија која ја утврди фактичката состојба во фармата, дали ги исполнуваме нивните утврдени стандарди и ја добивме дозволата со која можат компаниите да купуваат јајца од кај нас. Оваа процедура на следливост на производот, значи од набавката на еднодневно пиле, квалитетот на храната за кокошките, условите во кои се одгледуваат и технологијата до произведено јајце, комисијата на НАТО ја врши секоја година и со тоа ни го продолжува одобрувањето – вели за Агротим, Абдурахмани и додава дека македонските компании треба да работата да можат да ги исполнат условите и затоа ги охрабрува да ја искористат оваа можност.

-Се разбира дека имаме голем бенефит од соработката со НАТО на економски план, за нас тоа знaчи уште еден силен пазар, каде што, доколку имате квалитет, ќе имате и профит. Оттука, за поздравување е функционирањето на НАТО Центар за поддршка на домашните компании во Министерството за одбрана. Ние бизнисмените треба да ги користиме сите мерки на Владата кои се во интерес на зголемување на домашното производство, не само во земјоделскиот сектор – истакна Абдурахмани.

И искуството на сите земји членки покажало дека со вклучувањето во НАТО, покрај зацрврстување на безбедноста, се остваруваат и бројни економски бенефити за државата.

Потребни ИНФОРМАЦИИ И КОНТАКТИ за учество на домашните компании на тенедерите на НАТО во висина од 5 милијарди евра

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Везешаријајцакомпанииминистерство за одбрананатопласманподдршка
Претходен напис Потребни ИНФОРМАЦИИ И КОНТАКТИ за учество на домашните компании на тенедерите на НАТО во висина од 5 милијарди евра
Следен напис МЗШВ: 58,9 милиони денари дополнителна поддршка исплатена кон 1.925  регистрирани земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?