Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет, дел од реформата во јавните финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет, дел од реформата во јавните финансии
Агровести

Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет, дел од реформата во јавните финансии

Објавено 20/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Во Поглавјето 33 се работи за нашата способност и административен капацитет како држава да придонесеме во заедничкиот буџет на ЕУ, кога ќе станеме полноправна земја членка на ЕУ, откако ќе станеме земја-членка. Некои од прашањата кои ќе бидат адресирани во рамките на ова поглавје веќе се обработени на билатералните скрининзи за Поглавје – 16 Даноци и 29 – Царина, кои се директно поврзани со ова поглавје.

Во своето воведно обраќање пред експертите на Европската комисија, заменик главниот преговарач со ЕУ и државана секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили, истакна дека како земја која ја има имплементирано Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) речиси 20 години, Северна Македонија континуирано го усогласува националното законодавство во оваа област, а и работиме на зајакнувањето на административните капацитети и развојот на ИТ системите, како дел од процесот за дигитализација на услугите.

„Некои од последните активности го вклучуваат и донесувањето на новиот Закон за органски буџет што е дел од реформата во јавните финансии. Истотака фискалниот совет е веќе формиран од Собранието во септември 2023 година“ – нагласи меѓу другото Абдиу Халили.

Државната делегација за Поглавјето 33, на која е носител Министерството за финансии, ја сочинуваат и претставници од други релевантни институции како што се: Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за статистика како и Секретаријатот за Европски прашања.

Следните билатерални скрининг состаноци со Европската комисија за Поглавје 13 – Рибарство, се предвидени да се одржат на 26 и 27 октомври во Брисел.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Абдиу-Халилиоргански буџетреформа
Претходен напис (ВИДЕО) Одгледување на 10.000 органски домати во стаклена градина со висок тунел
Следен напис Словенија од ЕК бара 400 милиони евра за справување со штетите од поплавите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?